Home » , » Атланта Хокс и Перо Антиќ се согласуваат на две-годишен договор

Атланта Хокс и Перо Антиќ се согласуваат на две-годишен договор

Written By Unknown on 24.7.13 | 17:33

Тимот на Атланта Хокс и капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ ќе потпишат две-годишен договор со загарантирана прва година, а со ова Антиќ ќе стане првиот македонец кој заиграл во НБА лигата.

Со овој потег, Атланта ќе ја засили длабочината на високите позиции во ростерот, откако претходно го изгубија Заза Пачулија, кој замина во Милвоки Бакс. Оваа вест ја објави Мишко Ражњатовиќ, агентот на Перо Антиќ, а подоцна веста беше и потрвдена од американските новинари. Сепак се останува шпекулација додека веста за засилувањето на биде потврдена од челниците на Атланта Хокс.

30-годишниот Антиќ одигра две сезони со Олимпијакос и им помогна на грците да освојат две последователни титули во Евролигата. Крилниот центар постигнуваше по 6.0 поени и 3.5 скока во 17.5 минути на теренот по просек. 

Ова ќе биде трето интернационално засилување за Хокси ова лето, откако претходно го драфтуваа Денис Шроедер од Германија и центарот Лукас Ногуеира од Бразил. За да се ослободи повеќе место, можно е Ногуеира и Мајк Мускала (пик од втората рунда на драфтот) да се трејдуваат. 

1 comments:

  1. Da se trejduvaat?
    Kolku samo glupaavi da ne recam.
    Nema da gi trejduvaat tuku kje gi ostavat da potpisat vo Evropa

    ReplyDelete