Home » , » Џенингс во Пистонс, Најт во Бакси

Џенингс во Пистонс, Најт во Бакси

Written By Anonymous on 31.7.13 | 19:44

Еден од најатрактивните преостанати слободни играчи на маркетот, бекот Брендон Џенингс пронајде нов клуб во кој ќе ја продолжи својата кариера.

Од Детроит Пистонс стигна потврда дека 23 - годишниот играч пристигнал договор со управата и дека ќе му се приклучи на тимот преку “sign-and-trade“ опција.

Во спротивен правец во Милвоки ќе се пресели Брендон Најт како и Слава Кравтсов и Крис Мидлтон.

Џенингс потпиша 3 - годишен договор вреден 24 милиони долари. Тој во текот на минатата сезона за Бакс просечно бележеше 17.5 поени, 6.5 асистенции, 3.1 скок и 1.6 украдени топки.

0 comments:

Post a Comment