Home » , » Џон Вол ќе “лапне“ 80 милиони долари во следните 5 години

Џон Вол ќе “лапне“ 80 милиони долари во следните 5 години

Written By Anonymous on 1.8.13 | 01:01

Џон Вол еден од најталентираните пејмејкерки во лигата, нема во најскоро време да го менува својот тим. Имено, Вол потпиша нов максимален договор со тимот на Вашингтон Визардс.

Поранешниот студент на Кентаки стигна во НБА лигата во 2010. година како прв пик. За неговите способности се зборуваше многу, физичките карактеристики и неверојатната брзина на овој играч во неговите две први сезони станаа толку очигледни што наградата мораше да стигне пред или подоцна.

Во текот на сезоната Вол постојано нагласуваше дека заслужува максимален договор. Но, многу фанови и аналитирачи не се сложија со него, но најважно од се е дека челниците на тимот на Визардс во Вол препознаа франшизен играч.

Токму тоа беше причината поради која челниците на Визардс му понудија максимален договор (5 - години, 80 милиони), кој Вол веднаш го прифати.

Во текот на минтата сезона, чиј почеток Вол го пропушти поради повреда на коленото, одличниот плејмејкер постигнуваше 18.5 поени со 7.6 асистенции по натпревар.

0 comments:

Post a Comment