Home » , » Кевин Мартин потпишува со Минесота на 4 години

Кевин Мартин потпишува со Минесота на 4 години

Written By Unknown on 3.7.13 | 14:14

Минесота Тимбервулфс и бекот Кевин Мартин се согласија на 4-годишен договор, вреден 28 милиони долари. Овој договор за Минесота доаѓа по потпишувањето со уште еден шутер на крилната позиција, Чејс Баџинер.

30-годишниот Кевин Мартин постигнуваше по 14 поени и 2.3 скока по натпревар во единствената сезона со Оклахома минатата година. Реализираше 42% од шутот за три поени, што воедно беше и најдобрата шутерска сезона во неговата кариера. Мартин исто така беше главен дел од трејдот кој се случи пред почетокот на минатава сезона, кој го испрати Џејмс Харден во Хјустон, а на Мартин му овозможи да се пресели во Тандер. 

Мартин и јавно искажа дека Минесота е неговата прва опција покрај Тандер, а со оглед на тоа дека Оклахома не повлече никакви потези за да го врати назад својот бек, Мартин си заминува во Тимбевулфс. Тој почувствувал дека неможел да го одбие тој договор, особено со фактот што Рик Аделман ќе му биде тренер по трет пат во неговата кариера. 

Минесота пак, не потроши многу време во додавање на поентери во нивниот ростер ова лето. Откако го драфтуваа Шабаз Мухамед во првата рунда од овогодинешниот НБА драфт, со нов договор го вратија назад Чејс Бадинџер, а сега во тимот пристигнува и 8-годишниот ветеран Мартин. За тим кој што беше рангиран како 20ти во постигнати поени по натпревар минатата сезона, додавањето на овие три играчи во нивната офанзива ќе значи многу за Аделман. 

Со оглед на тоа што во тимот ќе пристигне Мартин, Минесота најверојатно ќе мора да се откаже од правата на Андреи Кириленко.

0 comments:

Post a Comment