Тимот на Мемфис Гризлис и Тони Ален се согласија да ја продолжат соработката, по што Ален ќе потпише четири-годишен, 20 милионски договор. Како што е познатно, договорот неможе да биде потпишан пред 10. Јули, но сите детали ќе бидат договорени.
Ален минатата сезона беше именуван како дел од најдобрата дефанзивна петорка, а исто така постигнуваше по 8.9 поени и 4.6 скока по натпревар. 31-годишниот дефанзивен стопер им помогна на Гризлис минатата сезона да стигнат до конференциското финале на западот со одлична игра во пост-сезоната. Како додаток на одличната одбрана, Ален имаше просек од 12 постигнати поени во дуелот против Клиперс во првата рунда од плејофот.
Милвоки Бакс, Детроит Пистонс, Лос Анџелес Клиперс и Атланта Хокс беа исто така во трка за Тони Ален, но сето тоа беше залудно бидејќи Ален и така не мислеше да замине на друго место.
Сеуште имаше некои детали кои беа разговарани за должината на договорот, бидејќи Ален ќе има 35 години во последната година од договорот и ќе заработи 5 милиони долари таа сезона. Тоа можеби е премногу за еден 35-годишен дефанзивен специјалист.
Memphis stand up!!!! #GrizzNation
— Tony Allen (@aa000G9) July 3, 2013
0 comments:
Post a Comment