- 11Х Ол Стар
- 1Х член на прва НБА петторка
- 6Х член на втора НБА петторка
- 3Х член на втора одбрамбена петторка
- Руки на годината
- Член на првата руки петторка
- НЦАА шампион
- Две злата на ОИ, Лос Анџелес и Барселона
- Единствен играч на Никси со +1000 натпревари
- Дресот со број 33 е повлечен од употреба од страна на Никси
Јуинг кариерата ја заврши со 24.815 поени, 11.617 скокови и 2,894 блокади, а низ кариерата беше на просеци од 21.0 поени, 9.8 скока и 2.4 блокади.
Најмногу поени на еден натпревар постигна против Бостон Селтикс во 1990. година - 51, додека пак најмногу скокови му се 26.
Низ кариерата два пати стигна до финалето, но и два пати беше поразен. Еднаш во 1994. година од страна на Рокетси и вториот пат во 1999. година од страна на Спарси.
Јуинг и неговите Никси во 90' години се посебно познати по епските дуели против Пејсерси и Реџи Милер.
“Тој има срце на шампион. Кога ќе помислите на Њу Јорк всушнот помислувате на Патрик Јуинг. Тој му даде нов живот на градот и на тимот“ - Мајкл Џордан за Патрик Јуинг.
0 comments:
Post a Comment