Сагата околу враќањето на Оден, која трае уште од февруари, конечно доби епилог. Првиот пик од драфтот од 2009. година ќе потпише договор со актуелните шампиони, Мајами Хит.
Оден и челниците на Мајами се договорија околу договорот, овој центар ќе потпише ветерански минимален договор вреден 1.4 сезони, а во договорот има и опција за потпишување на уште една сезона.
Одлуката на челниците на Мајами да го ангажираат Оден по многумина е ризична затоа што овој играч последниот НБА натпревар го изигра пред 4 години односно во 2009. година, а потоа се соочи со многу операции, и исто се бореше со алкохолизмот.
Доколку Оден успее да остане здрав и успешно да се врати на паркетот, секако дека ова ќе биде еден од најдобрите “кам-бекови“ во историјата. За овој човек шансата во Мајами е веројатно и последниот воз да успее да направи солидна НБА кариера.
Оден досега изигра 82 натпревари во две сезони во кои просечно бележеше по 9.4 поени и 7.3 скока.
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment