Дали поради целото богатство кој овој клуб го вложи во него гледајќи го како свој франшизен играч или поради фактот дека минатата сезона, по повредата, успеваше да бележи по 18.5 поени и 7.6 асистенции сеуште не се знае.
Поранешниот прв пик на драфтот од 2010. година себеси се смета за најдобар племејкер во лигата. Барем така изјави во последното интервју по потпишувањето на богатиот договор. На прашањето на новинарите каде се рангира Вол помеѓу најдобрите плејмејкери Вол немаше дилеми:
“Каде сум меѓу најдобрите плејмејкери? Се рангирам себеси како најдобар.“ - остана доследен Вол.
Зачудениот новинар сакаше да дознае дали Џон Вол ставовите ги базира на она што веќе го направил или на она што чувстува дека ќе го направи во иднина.
“Моето мислење се базира на тоа што ќе го направам во иднината. Чувствувам дека можам многу да напредувам. Има многу талентирани момци во НБА, а јас сум меѓу нив“ - го потврди својот став Вол.
0 comments:
Post a Comment