Home » , » Клиперси во “Стејплс“ и наредните 10 години

Клиперси во “Стејплс“ и наредните 10 години

Written By Anonymous on 23.1.13 | 18:09


Челниците на Л.А КЛиперс се договорија околу продолжетокот на договорот со сопствениците на Стејплс Центарот, па така оваа екипа во наредните 10 години ќе игра на иста локација, објавија посредникот на клубот Енди Роусер, и претседателот на салата од Ел Еј, Тимот Џеј Леуки.

На задоволство на навивачите на Клиперс овој тим нема да ја менува салата и во наредните 10 години.

“Ние сме многу возбудени поради фактот дека нашиот клуб настапува во Стејплс Центарот. Драго ни е што ќе продолжиме вака и во иднина. Задоволство ни е што играме во сала која со време стана синоним во НБА лигата и ќе се потрудиме на навивачите да им обезбедуваме редовна доза на забава“,

вели претседателот на Клиперси, Енди Роусер.

Клиперси иначе првиот натпревар во “Стејплс“ го одиграа на 2. ноември 1999. година против Сиетел Супер Соникс. По овој договор кој стапува на сила во новата сезона, Клиперси слободно ќе можат “Стејплс Центар“-от да го нарекуваат за дом.

0 comments:

Post a Comment