Погоренаведените играчи во следната сезона ќе се обидат да срушат многубројни рекорди. Во сезоната што следува овие играчи ќе се обидат да ги остварат овие “барања“ и да испишат историја.
Коби Брајант:
- Му требаат уште само 676 поени за да го помине Мајкл Џордан на вечната листа на стрелци.
- Му требаат уште 113 асистенции за да стане 30. играч во историјата со +6000 асистенции
- Му требаат уште 532 обиди од линијата за слободни за да стане 5. играч во историјата на НБА лигата кој шутнал 10.000 пати од линијата за слободни. Другите 4 играчи се Шек, Вилт, Мосез Мелоун и Карл Мелоун.
Кевин Гарнет:
- Му требаат уште 363 шутеви од поле за да ги помине Мосез Мелоун, Џорџ Гервин, Ден Ајсел и Џон Хавличек на 11. место на вечната листа.
- Му требаат уште 58 минути за да го помине Вилт Чемберлејн на 6. место на вечната листа и да им се приклучи на Мосез Мелун, Елвин Хејс, Џејсон Кид, Карл Мелоун и Џабар.
- Му требаат уште 399 скока за да се искачи на 9. место на најдобри скокачи.
- Му требаат уште 30 блока за да стигне до бројката 2.000 блокади во кариерата.
Стив Неш:
- Му требаат уште 86 асистенции за да го помине Марк Џексон и да се искачи на 3. место на вечната листа на најмногу асистенции.
- Му требаат уште 90 изгубени топки за да влезе во ТОП 10 играчи со најмногу изгубени топки. (негативен рекорд)
Андре Милер:
- Му требаат уште 44 асистенции за да стигне до бројката 8.000 асистенции во кариерата и да им се придужи на Пејтон, Ајзеа, Оскар, Меџик, Кид, Неш, Џексон и Стоктон.
Пол Пирс:
- Му требаат уште 979 поени за да го достигне 25.000 поен во кариерата. Дирк, Коби и Гарнет се единствените активни играчи кои ја имаат поминато оваа граница.
Реј Ален:
- Му требаат уште 143 постигнати тројки за да ја помине границата од 3.000 постигнати тројки во кариерата и исто така да стане единствениот играч кој ја пробил оваа граница.
Џејсон Тери:
- Му требаат уште 78 тројки за да се искачи на третото место на најмногу постигнати тројки и да им се приклучи на Реј Ален и Реџи Милер.
Home »
Занимливости
,
Насловна
» Коби, Кеј-Џи, Неш, Милер, Пирс, Ален и Тери - играчи кои ке испишат историја
Коби, Кеј-Џи, Неш, Милер, Пирс, Ален и Тери - играчи кои ке испишат историја
Written By Anonymous on 3.8.13 | 20:15
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment