![](http://4.bp.blogspot.com/-UXRKosHv19I/Uf6vQl_tL8I/AAAAAAAABDY/O62DhUmB-8o/s640/alg-cavaliers-lebron-james-jpg.jpg)
“Имам цел, голема цел, а целта е да ја донесам титулата овде во Кливленд, и нема да си заминам додека не освојам титула со тимот.“
ЛеБрон ги рече овие познати зборови во деновите кога играше за Кливленд, но откога замина, сите се прашуваат дали некогаш ќе се врати? Јас мислам дека ќе ја искористи опцијата во договорот со Хит за да се врати во Кливленд во 2014. година за да се спои со Кајри Ирвинг и Ендру Бајнам. Тој веќе еднаш го промени тимот докажувајќи дека сака да го брка прстенот со појаки тимови, а спојувањето со Бош и Вејд беше само доказ за тоа. Има многу смисла враќањето во Кливленд за него затоа што Кајри Ирвинг веќе влегува во врвот на својата кариера и ќе биде во првите 5 најдобри играчи во наредните сезони, а Бајнам е еден од најдобрите ако не и најдобар офанзивен центар кога е здрав. Исто така во тимот има играчи како Ентони Бенет, Дион Вејтрес, Тајлер Зелер и Тристан Томпсон кои исто така ќе влезат за некоја сезона на врвот на своите кариери. Исто така треба да се спомне дека би можел да се спои повторно со својот добар пријател Андерсон Варежо како и тренерот Мајк Браун. Во Кливленд можеби би освоил повеќе отколку со Мајами. Следната година ќе наполни 30 години и ќе влезе во доцниот период на својата кариера и зошто да не се спои со играчи кои ќе влезат на врвовите на својата кариера? Според многумина нема повеќе смисла да игра со “старите“ Вејд и Ален, а разочарувачкиот Крис Бош и другите ветерани се тука само за да го пополнат местото во салари кепот. Да, ќе го мразат уште повеќе и во Мајами и во лигата, но фановите на Кливленд повторно ќе го заскаат, и брзо ќе го заборават неговото предавство пред неколку години.
Другата опција за ЛеБрон е спојување со Брајант и можеби Ентони во Лејкерси. Доколку тројцата сакаат ова да се случи ќе треба да земаат помали плати. Ако остане Неш во тимот секако ќе биде блиску до пензионирање, Коби ќе се врати по кинење на Ахиловата тетива, а Кармело ќе биде на исти години со ЛеБрон. Годините плус проблемите со хемијата ќе прават проблеми во овој потенцијален тим. Дури и да проработи хемијата и тимот да освои 2-3 титули, кој ќе го поплни остатокот од тимот?
Дали Ник Јанг, Весли Џонсон, Крис Кејман и Џордан Фармар ќе се согласат да земаат уште помала плата за да освојуваат титули? На пресконференциите и сами кажаа дека се среќни само што се играчи на Лејкерси и дека би сакале да останат засекогаш во Л.А.
Искрено верувам дека ЛеБрон нема да биде во Мајами следната сезона затоа што веќе ништо не остана таму. Вејд е тип на играч кој се повредува се повеќе и повеќе на крајот од кариерата, исто како и Реј Ален. Крис Бош докажа дека не е одличен играч со тие 0 поени во 7. натпревар од финалето, а играчите од ротацијата како Андерсен, Хеслем и Батие се стари и немаат уште многу што да покажат. Медиумите и фановите на Лејкерси засега ставаат многу голем медиумски притисок на грбот на ЛеБрон, а тој според извори не сака да игра заедно со Коби и Кармело (доколку дојде). Кавалирси имаат светла иднина и ќе се обидат да го вратат својот херој дома за да се обиде да им ја донесе првата титула во историјата. ЛеБрон никогаш немал статус на херој во тимот на Мајами затоа што тоа е Вејд. Исто така нема да биде херој ако потпише со Лејкерси затоа што таму е Коби. Кливленд ке му понуди на ЛеБрон да направи нешто свое и да креира историја со враќањето во Кливленд.
Што мислите Вие?
pijani li ste..razocaruvackiot kris bosh???? on ako ne pa bese najdobar defanzivec u teko na play offo
ReplyDeleteKoj go pisal ova? Dali uklucil televizor ili radio ili internet u posledte 3-4 meseci ili godini????
ReplyDeleteIzbrisi si go ESEJOT ili SEMINARSKATA RABOTA... dodeka site ne ti se iznasmeale.