Home » , » Лејкерси со пораз, одлични партии на Коби Брајант и Кевин Лав

Лејкерси со пораз, одлични партии на Коби Брајант и Кевин Лав

Written By Anonymous on 28.11.12 | 10:46


Вечерва се одиграни 5 натпревари во НБА лигата, а ноќта е обележана од одличните партии на Коби Брајант (40 поени и 10 скока) и Кевин Лав (23 поени и 24 скока).

Бекот на “Езерџиите“ даде повеќе од половина поени од за својот тим кој загуби од Индијана Пејсерси со 79-77. Брајант шутираше 12/28 од игра (5/11 за три), а имаше и 10 скока и 10 загубени топки, а го пратеше само Двајт Хауард со 17 поени, 8 скока и 4 блока. Најдобар кај Пејсерси беше Дејвид Вест со 16 поени, 10 скока и 8 асистенции. Џорџ Хил имаше 19 поени и по 5 скока и асистенции.

Во неизвесна завршница Сиксерси славеја дома против Далас со 100-98. Трагичарот за Далас беше О.Џ Мејо кој промаши две слободни фрлања во последните две секунди кој на тмот од Тексас можеја да му донесат продолжение. Мејо заврши со 11 поени, 7 асистенции и 5 скока, 20 поени додаде Крис Кејман, а по 17 поени и 8 скока имаа Шон Мерион и Елтон Бренд. Сиксерси беа носени на грб од Еван Тарнер со 22 поени, Тадеус Јанг даде 20 поени и 7 скока, додека 18 поени и 7 асистенции имаше Џру Холидеј.

Минесота Тимбервулвси ги совладаа Кингси со 97-89, со доминантната партија на Кевин Лав кој имаше 20+20. Постигна 23 поени и 24 скока. И останатите стартери на тимот имаа над 10 поени, а Лук Ридноур даде 18. Никола Пековиќ имаше 16 поени и 8 скока, Кириленко додаде 14 поени и 6 скока, а Малком Ли 10 поени. Најдобри за Кингси беа Тајрик Еванс и ДеМаркус Казнс со 20 поени. По 12 имаа Исаја Томас и Маркус Торнтон.

Хјустон Рокетси ги победија Репторси со 117-101, предводени од Џејмс Харден со 24 поени, 12 асистенции и 6 скока. 22 поени имаше Патрик Питерсон, 18 Чендлер Персонс. Омер Ашик имаше 13 поени и 18 скока, а Џереми Лин 16 поени и 10 асистенции. Андреа Барњани постигна 21 поен за Репторси, а со 19 го следеше Теренс Рос, додека по 12 имаа Жозе Калдерон, ДеМар ДеРозан и Ед Дејвис.

Санси беа подобри од Кливленд со 91-78, а најдобар беше Горан Драгиќ со 19 поени, 7 асистенции и 5 скока. 15 додаде Мајкл Бизли, 14 Луис Скола, а 11 Џеред Дадли. Кавси беа предводени од Андерсон Варежо со 20 поени и 18 скока, 16 поени додаде Дион Вејтрес кој имаше и 7 асистенции, а 12 Алонсо Џи.

Денешни Резултати :

Филаделфија Севенти Сиксерс 100-98 Далас Маверикс
Кливленд Кавалирс 78-91 Феникс Санс
Хјустон Рокетс 117-101 Торонто Репторс
Сакраменто Кингс 89-97 Минесота Тимбервулвс
Л.А Лејкерс 77-79 Индијана Пејсерс

0 comments:

Post a Comment