Home » , » Лејкерси не го трејдуваат Гасол, барем сега за сега

Лејкерси не го трејдуваат Гасол, барем сега за сега

Written By Anonymous on 28.11.12 | 11:01


Дали досега помина барем една сезона од кога дојде Гасол во Лејкерси, а навивачите на почетокот на сезоната да не побараат да биде трејдуван?

 Иако од неговото доаѓање од Мемфис па до сега освои 2 НБА титули во чие освојување имаше и тоа каков придонес, сега за првпат можноста тој да се трејдува звучи логично. Гасол се уште не може да се пронајде себе си во системот на ДиАнтони, кој нема потреба од двајца доминантни играчи играчи под кошевите туку за еден, а тоа е секако Двајт Хауард.

Според информациите кои доаѓаат од управата на тимот, Лејкерси не сакаат да го трејдуваат Гасол затоа што го чекаат враќањето на Стив Неш и со тоа да видат како ќе се одвива целата игра на тимот и која ќе биде улогата и придонесот на Гасол во тој систем.

Шутот на Гасол, неговите асистенции, шутевите од полудистанца како и солидната игра како под противничкиот така и под својот обрач го направиа да биде совршен играч за триаголникот на Фил Џексон, но сега ситуацијата е сосема спротивна, затоа што со системот на ДиАнтони на тимот му се потреби шутери од надворечните позиции и само еден центар.

Нема сомневање дека со своите квалитети Гасол ќе добие доста понуди на пазарот доколку Лејкерси се одлучат да го трампаат, но проблем се неговите 38,3 милиони долари кои треба да го заработе во наредните 2 сезони, сума која многу тимови нема да се согласат да ја платат.

Останува да видиме на каков потег ќе се одлучи ГМ на Лос Анџелес Лејкерс.

0 comments:

Post a Comment