Home » , » Клиперс без Чонси Билапс уште 2 недели

Клиперс без Чонси Билапс уште 2 недели

Written By Unknown on 8.12.12 | 00:05

Откако се врати во стартната петорка на Клиперс, Чонси Билапс повторно ќе биде надвор од терените поради нова повреда на глуждот. 

Билапс го пропушти натпревар за Клиперс против Јута Џез во четвртокот, а според најновите информации тој ќе ги пропушти следните 2 недели. 

Оваа повреда не е многу сериозна, а нема ниту голема поврзаност со повредата која ја здоби минатата сезона, кога ја искина Ахиловата тетива. 

“Навистина сакав да се вратам на терените 100 % заздравен и да играм на сигурно. Знаев дека вакви ситни повреди како оваа ќе бидат дел од процесот на заздравување, па сега ќе мора да се стрпам уште малку време.“ - изјави Чонси Билапс.

Тоа значи дека повторно ќе го гледаме Вили Грин на стартната шутерска позиција, како и повеќе минутажа за Џамал Крофорд од клупата. 

0 comments:

Post a Comment