Home » , » Промашената кариера на Мајкл Бизли, го чека клупата во Санси ?

Промашената кариера на Мајкл Бизли, го чека клупата во Санси ?

Written By Anonymous on 7.12.12 | 22:30


Крилниот играч на Феникс Санс стигна во Аризона како најзвучно засилување, но со своите партии во потполност разочарува.

Тренерот на Санс, Елвин Џентри е навистина многу разочаран од партиите што го пружи Мајкл Бизли (23). Овој 208 cm висок крилен играч е донесен како слободен играч и од него во таборот на Феникс многу се очекува, но по уводниот дел од сезоната тренерот на клубот сериозно размислува да му пружи шанса на некои други играчи.

Мајкл Бизли стигна во НБА како голем потенцијал во 2008 година кога како втор пик го ангажираа Мајами Хит. Меѓутоа, по солидните први три сезони во НБА, се сврте судбината на овој играч. Моментално, Бизли ја игра најлошата НБА сезона со просеци од 11.3 поени со 3.9 скока за повеќе од 27 минути на паркетот.

“Јас во секој момент се обидувам да дадам се од себе на паркетот. Сакам тимот да победува, да играме како тим. Меѓутоа, некогаш не се сите конци во мојата рака. Некогаш сте во онаа фаза кога топката не сака да влезе во обрачот. Не знам дали е тоа поради малата самодоверба или од некоја друга причина, јасно е дека не ми оди.“ - смета разочараниот Бизли.

Имено, кошаркарот од Феникс шутира дури 37%, додека за тројка е катастрофален со процент од 26%. Лани во Минесота играше повеќе, околу 23 минути по натпревар, но имаше подобри проценти на реализација, 45% за два и 38% за три поени.

Подобрите проценти лани допринесоја овој човек за помалку време да дава повеќе поени во Минесота (11.5), отколку оваа сеезона играјќи за Феникс. Тие податоци ни малку не му се допаѓаат на тренерот Елвин Џентри кој најверојатно ќе проба да смени нешто во ротацијата.

“Навистина очекував повеќе од него. Тој како голем потенцијал дојде во НБА. Не знам што се случува со него, но како да е отсутен откако почна сезноата. Како да не е со мислите во играта. Можеби е прав момент некој други играчи да добијат шанса. Доколку овој играч не сака да се труди, ги има оние кој се трудат од се срце да играат. Местото во првите 5 на никој не му е загарантирано.“ - вели Џентри.

Џентри е незадоволен и од комплетниот учинок на својот тим бидејќи од 20 натпревари имаат само 7 победи. Како стојат работите, Бизли ќе ја тестира клупата на Санс веќе во сабота кога Феникс игра со Клиперси.

Иначе, Мајкл Бизли стигна во НБА како феноменален играч во колеџ кошарката. Студираше на универзитетот Канзас каде помина само година дена пред да дојде во НБА. Меѓутоа, во тој колеџ Бизли стана доминантна сила на паркетот. Просечно имаше 26.2 поени и 12.4 скока по натпревар.

Во текот на кариерата Бизли за само една сезона имаше 866 поени и 408 скока, стана втор најдобар руки во светот на НЦАА кошарка. Ја предводеше лигата во постигнати дабл-дабли (28), беше најдобар по бројот на натпревари со +40 поени (3), имаше најмногу натпревари од сите НЦАА играчи.

По само година дена во Канзас Бизли се реши да излезе на драфтот. Стручњаците беа поделене на прашањето дали е вистинска одлука. Едни сметаа дека буквално ке експлодира, други веруваа дека ова е лош потез. Како што стојат работите изгледа дека делот од стручњаците кој викаат дека тоа е лош потез ќе биде точно, барем кога во прашање е Мајкл Бизли...

0 comments:

Post a Comment