Home » , » Дирк Новицки би можел да отсуствува и до 2013 година

Дирк Новицки би можел да отсуствува и до 2013 година

Written By Unknown on 8.12.12 | 00:15

Ова не е сигурен факт, со според новите гласини Далас ќе продолжи да се мачи за изедначен рекорд во отсуство на Дирк Новицки, кој што најверојатно повторно ќе го пролонгира својот кам-бек.

Откако направи повреда на коленото во Октомври, датата за враќање на Новицки беше во средина на Декември. Но, тоа нема да се случи. Дирк Новицки во една изјава за медиум во Далас звучеше како да не сака да ризикува и да почне повторно да игра кошарка предвремено.

“Изјавивме уште пред операцијата дека нема да заиграм повторно пред да заздравам потполно. Тоа е долг процес и моментално не е 100 % исполнет. Денеска е 8ми Декември, а до средината на Декември има уште малку време. Да се вратам на точниот датум беше моја цел пред неколку недели, но сега сфатив дека сум малку подалеку од очекувањата.“ - изјави Дирк Новицки за „Dallas Morning News“.

Има добри знаци. Дирк излегува на терен и шутира се повеќе и повеќе, но не трча интензивно и тој рече дека процесот на рехабилитација е забрзан се со цел да тој се врати побрзо. 

Без него, Далас има рекорд од 8-10 и неможе да воспостави константа одбрана и напад. Дири и откако ќе се врати од операција на колено, Новицки треба да им помогне многу на Маверикс во нападот со своите шутерски способности. 

0 comments:

Post a Comment