Home » , » Чекор назад, ве молам. Њу Јорк на потег

Чекор назад, ве молам. Њу Јорк на потег

Written By Unknown on 8.12.12 | 00:18

Доста време помина од почетокот на сезоната и барем до сега можеме да сфатиме и со факти да укажеме дека Њу Јорк Никс се најдобриот тим во источната конференција. Барем за сега.

Играјќи без Кармело Ентони во четвртокот, Никси апсолутно ги уништија Мајами Хит на гостински терен, нанесувајќи им го на шампионите првиот пораз на домашен терен и втор пораз од 20 поени разлика во дуелите против Никси. Со момнтален рекорд од 14-4, Њу Јорк е првиот тим во источната конференција, стоејќи пред шампионот Мајами Хит (12-5) за натпревар и половина. 

Крајниот епилог на тој натпревар беше рефлекција од тоа каде овие два тима моментално се наоѓаат. Никси ги имаат сите парчиња од сложувалката на едно место: имаат талент, тимска хемија, лидерство и желба за титула. 

“Шампионските денови од Далас ми се враќаат во глава. Јас и мојот бело-ќелав брат како ја вршмие работата на високо ниво.“ - изјави Тајсон Чендлер.

Бело - ќелавиот брат секако е Џејсон Кид, кој победува каде и да оди. Беа тоа Кид и Чендлер кои му се придружија на Дирк Новицки и посегнаа по титулата против моќните и талентирани Мајами Хит во 2011 година. И успеаја, без сомнеж со прекрасна игра во сенка со својата потценета улога. 

“Навистина се чувствувам како во Далас. Длабочината на тимот, шутерите, ветераните, лидерството.“ - додаде Чендлер. “И навистина треба да веруваме во себе. Од моментот кога потпишав за Далас ветив дека ќе освоиме титула или пак, најмалку ќе стигнеме до финалињата на западот. Исто така се почувствував кога пристигнав тука, во Њу Јорк. Во Далас, верувавме во себеси многу. Кога за прв пат влегов во соблекувалната, им кажав:''Спремете се за напорна и долга сезона. Одиме до крај, а за тоа мора да имаме правилно и реално мислење за нас.''Истото пробувам да го спроведам и со овој тим, со многу голема помош од останатите ветерани.“

Што се однесува до Мајами Хит, причина за поразот неможе да биде тоа што шутерите на Никси шутираа абнормално. Одбраната на Мајами моментално е катастрофална. Тие како да ги предизвикуваат тимовите да играат солидно во нападот, дозволувајќи им да го прават тоа играјќи лоша одбрана.
Мајами моментално се наоѓа на 23. позиција во дефанзивните ранкинзи, примајќи 104 поени по 100 позиции. И секако, тие не го пружаат крајниот напор на теренот. Ова би требало да значи дека алармот во Мајами заѕвонел и дека тимот ќе се поправи во некоја смисла. 

Серијата од домашните натпревари на Хит продолжува со уште 5 натпревари во Американ Еирлајнс арената, што значи дека Мајами би требало да ја држи оваа тенка разлика со Никси на второто место на табелата. Одбраната на Мајами Хит под итно мора да се поправи и тие не треба да чекаат до Март или Април за да го сторат тоа. Последното нешто што Мајами го посакува е да отвори плејоф серија што ќе се игра во Медисон Сквер Гарден. 

Никси имаат потежок календар пред себе, вклучувајќи го и дуелот со Нетс во Баркајлс центарот. Но со оглед на тоа како тие играа против Мајами, доколку така продолжат не ќе биде тешко за нив да ги совладаат и Бруклин Нетс за прв пат оваа сезона.

0 comments:

Post a Comment