Home » , » Кармело Ентони го повреди зглобот

Кармело Ентони го повреди зглобот

Written By Anonymous on 14.12.12 | 16:01


Њу Јорк Никси ноќва ги победија Лејкерси со резултат 116:107, но навивачите сепак го напуштија Медисон Сквер Гарден многу загрижено. Имено, во текот на третиот дел на овој натпревар, во шансата на еден продор под кош, се повреди првиот стрелец на тимот, Кармело Ентони.

Незаборавна ноќ за популарниот Мело во Медисон се до 6,54 минута пред крајот на третиот дел. До тој момент прекрасниот крилен играч на Никс даде 30 поени (од кои дури 22 во првиот дел), играше како луд, се што сакаше даде, а потоа започна да влегува, меѓутоа заврши излегувајќи надвор од паркетот.

Имено, Мело ја слизна левата ногата на паркетот и на крајот со болен израз го напушти теренот и веќе не се врати. Сеуште не се знае дали и колку ќе паузира Мело, но после натпреварот изјави дека се чувствува добро.

“Чувствувам болка, но сум океј, не е ништо страшно...“, рече Кармело Ентони, а тоа го потврди и неговиот соиграч Тајсон Чендлер.

“Кога видов дека го нема на клупата, мислев дека се отиде надолу. Меѓутоа, се врати до крајот на натпреварот, а мене ми олесна. Го прашав како се чувствува, ми рече дека е добро. После натпреварот остана малку да трча спринт, но ќе видиме како ќе му е ногата кога целосно ќе се олади“, рече Чендлер.

Прекрасниот Кармело оваа сезона игра на највисоко ниво, моментално постигнува по 27,7 поени со 6,6 скокови. Никси имаат резултат од 17-5.

0 comments:

Post a Comment