Home » , » Ејвери Бредли почна да тренира, се враќа во јануари

Ејвери Бредли почна да тренира, се враќа во јануари

Written By Anonymous on 18.12.12 | 13:42


Комбо бекот на Бостон Селтикс, Ејвери Бредли полека се опоравува од повредата и операцијата на рамото поради кое не одигра ниту една минута оваа сезноа. Сепак, не би требало да биде чудо доколку овој човек набрзо не добие шанса да го покаже својот талент, гледајќи на тоа дека денес, прв пат тренираше по повредата.

Тренерот на Селтикс има причина за задоволство бидејќи повторно ќе може да смета на услугите на овој млад играч кој со успех може да игра и на позициата плејмејкер и на позицијата бек-шутер.

Кога Бостон стигна во Јунајтед Центарот каде ќе го одигра својот меч со Чикаго, на теренот се најде и Бредли кој беше дел од тренингот. Тоа не претставуваше изнанадување, бидејќи се наоѓа на само чекор од крајот на својата рехабилитација поради која не тренираше активно цели шест месеци. Меѓутоа, сигурно е дека мора да работи многу за да влезе во форма и изевсно е дека нема одма да добие шанса на теренот.

Сепак, ГМ на Бостон Дени Ејнџ верува дека овој играч ке биде на терените во почетокот на јануари. Според зборовите на тренерот на “зелените“ Док Риверс, кога Бредли би се опоравил, најверојатно би ја добил улогата како стартер, додека Кортни Ли ќе се пресели на клупата и ќе ја дели минутажата со Џејсон Тери.

“Тој ќе го добие местото на стартер, бидејќи беше стартер и пред да се повреди. Меѓутоа, мора да го заслжи тоа место и секако да го оправда. Кога ќе го видам планот на тимот и тимот со првите пет, тој ми изгледа многу подобар. Мораме да почекаме за да се врати.“,

вели Док Риверс. А еве што вели и Бредли:

“Многу сум возбуден. Драго ми е што конечно тренирам и што повредата е зад мене. Се надевам дека во иднина нема да имам проблеми. Само сакам повторно да играм“.



0 comments:

Post a Comment