
Уводниот дел од НБА лигата полека оди во историјата, кандидадите за МВП се познати, неколку играчи се нови сезонава за разлика од минатите сезони, а во таа категорија на “изненадувања“ е и Демиан Лилард кој сигурно е главен кандидат за дебитант на годината. Од вечер во вечер младиот плејмејкер бележи фантастични партии, а вчера не можеше да го запре ниту Тони Паркер, еден од најдобрите играчи на позицијата бек.
Младиот играч на Блејзерс вчера беше енигма на паркетот, беше незапорлив и за брзиот Француз, а по мечот во прв план не сакаше да се фали себе си :
“Ова беше солидна недела за нас. Го имам тоа чувство, соиграчите се на висината на задачата и најважно е дека бележиме победи и полека го поправаме скорот. Вечерва можеби дадов најмногу поени во кариерата, но мислам дека имав неколку подобри натпревари. Меѓутоа правам се што бара тимот од мене.“,
вели Демиан Лилард кој вчера запиша личен рекорд од 29 поени и 6 асистенции со одлични 50% од игра (11/22). Младиот талент на Блејзерси во потполност го надигра чуварот Тони Паркер кој мечот го заврши со 21 поен. Меѓутоа, ветеранот Тим Данкан не смета дека тоа беше клучот за пораз на неговите “Мамузи“.
“Не мислам дека Тони потфрли во било која смисла или дека тоа беше клуч на нашиот пораз. Бевме комплетно надвор од ритамот и тоа е тоа. Не можеме да бараме вина во еден човек.“,
смета искусниот крилен центар на Спарс. Раизграниот Лилард беше доминантна сила во текот на сите 48 минути во Роуз Гарденот, а во 3/4 од натпреварот беше незапирлив давајќи дури 12 поени за својот тим. Тренерот на Спарс Попович беше полн со пофалби на сметка на овој младич.
“Мислам дека е неверојатен талент. На сите до сега ни е јасно дека поседува невеојратни вештини, но мене како тренер најмногу ми се допадна неговото однесување на теренот. Тој навистина игра многу добро, самоуверен е, не се плаши да влезе во дуел и во контакт, и веќе во својата прва НБА сезона разбира како да си креира предност во било која ситуација.“,
смета Попович.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment