Home » , » Од кошаркарски рај до пекол во животот : Дејвид Томпсон

Од кошаркарски рај до пекол во животот : Дејвид Томпсон

Written By Anonymous on 14.12.12 | 14:59


Приказна за еден голем играч, човекот кој му беше идол на легендарниот Мајкл Џордан. Човекот кој кариерата ја упропасти поради неколку ноќи полни со кокаи и поради мрачните учици на дилерите на дрога...
За повеќето љубители на НБА лигата, но и за кошарката одговорот на прашањето “Кој е најдобар играч на сите времиња?“ прилично е едноставен. Веројатно 90% од луѓето ќе го спомнат името на Мајкл Џордан. Меѓутоа доколку ова прашање му се постави на Џордан, без размислување ќе рече - “Дејвид Томпсон“...

Да, точно е - и најголемите херои имаат свои херои. И да, повторно е точно - Мајкл Џордан имаше свој идол. Баш поради тоа, во текот на влегувањето во “Куќата на Славните“ инсистираше прагот да го помине со играчот кој во неговите очи е голем колку и античките богови, Дејвид Томпсон...

Младите генерации веројтано немаат поим кој е овој човек. Неговоти име денес е избришано од кошаркарската мапа, а за него денес остана само мит. Мит за човекот кој беше еден од најдобрите НЦАА играчи на сите времиња, бала за бекот кој не играше кошарка пред да се игра кошарката, сторија за човекот кој не само да беше добар кошаркар туку и добар умтеник, испишувајќи ги најдобрите стихови на играта...

За него, денес остана само мит. Мит за човекот кој имаше се, а стана ништо. Преку ноќ.

Негде во сојузните држави на Северна Каролина, во населбата наречене Шелби, на 13 јули 1954 година брачниот пар Томпсон го донесе на светот Дејвид. Воспитан во христијанско семејство, учен да го почитува Бог и неговите правила. И како тоа учење од родителите го препороди ова момче, овој дечко еден ден да стане голем како и самиот Бог. Ако се прашувате легенда како Џордан, Дејвид бил за него кошаркарскиот татко.

Да се биде црнец во САД во текот на ’50тите значеше исто што и да се порасне на просторите на СФРЈ во текот на ’90тите - значи, живот во пекол. Едниствено правило кое го имавте таму е да немате никакви права. Од тешката судбина никој не можеше да бега, ниту Дејвид. Родителите не можеа да му пружат повеќе од еден оброк дневно, таткото работеше секој ден напорно за да внесе неколку парчиња леб во куќата и колку толку да ја нахрани младата, гладна уста на Дејвид.

Секако, заминување на Дејвид во училиште не донесе убави работи. Константно беше омаловажуван од страна на белите деца на богатите припадници на истата раса. Во тешките моменти тешко е да се остане присебен и нормален. Томпсон како и поголемиот дел од луѓето имаа свое скривалиште за да им помогне тогаш кога им било најтешко, место на кое единствено се чувствуваа сигурно и заштитено од злите погледи и пакосните зборови. Томпсон го имаше кошаркарскиот терен.

И баш во тие денови на несреќно детство, гледајќи над светата Библија, си даде себе си ветување :“Од својот живот ќе направам нешто. Нешто за почит.“

Крвта на детето, пораснато на село ја стегна жилата на овој играч. За разлика од градските деца Томпсон се навикна на валкана и мачна работа. Токму тоа, како што зборуваше, му помогна да се ојача и да влезе во полна физичка форма отколку децата од градските асвалти. Веќе во средно школо неговиот талент беше забележан. Се вртеја приказни за “чудото од дете од село“. Се тресеше се тие денови, во сите американски градови. Никој не знаеше кој е Дејвид, но сите знаеја дека тој е следната голема работа во НЦАА лигата...

Во текот на последната година од средното школо “Крест“, Дејвид порасна до своите 194 цм. Веќе тогаш “немоќноста“ стана единствен термин на секоја дефанзивна кошарка која мораше да ја сочува. Неверојатните физички предспозиции, сјајниот одраз и пред се атрактвните потези ја освојуваа публиката и ја тераа да ги гледа тие спектакуларни потези, на човекот кој до вчера го малтретираа... Сето тоа му додаде додатна мотивација на Дејвида да работи уште посилно и да докаже едно : дека е вреден за внимание и деке не е само обичен црнец од село.

Веќе по доаѓањето во НЦАА лигаат на сите им беше јасно дека гласините се вистинити... Во својата прва година на универзитетот Северна Каролина Томпсон се издвои како лидер на тимот. Човекот кој ги решаваше нападите на почетокот, на средината и на крајот на натпреварот. Играчот кој ќе биде во линија на одбраната кога натпреварот се решава и играчот кој последен ќе си оди после пораз.

Втората колеџ сезона беше од соништата, тимот запиша неверојатен рекорд од 27-0, а поради своите акробатски вештини, го доби надимакот и “Скај вокер“ (човек што оди на небото). Следната сезона беше реприза на минатата, тимот ја одбрани титулата запишувајќи само1 пораз во текот на сезоната. Заштитен знак на Томпсон стана играта над обрачот, неговите летови не можеа да воудушевуваат, а колку беше доминантен зборуваат и бројките во текот на овие 3 сезони на кој бележеше 26.6 поени со 8 скока.

На сите веќе им беше јасно дека станува збор за нов прв пик. Во 1975 година Дејвид Томпсон е избран како прв пик од Атланта Хокс. Меѓутоа, по расправата со управата, пред потпишувањето на договорот одлучи да си замине. Како голема ѕвезда “Скај Вокер“ ги претстави своите услови на Денвер. Или ќе го ангажираат неговиот пријател Монту Тоиви или тој заминува. Епилог : Денвер потпиша со Тоиви.

И така се започна. Годините во најквалитетната светска лига го етабилираа “Скај Вокер“ како прва ѕвезда. Неговиот раскошен талент од меч во меч беше докажуван. Како резултат на тоа веќе во својата 23та година стана најплатениот спортист во историјата со плата од 4 милиони долари. Неговите бројки и рекорди бележаа константен раст : најпрво две титули со Северна Каролина со која запиша скор од 57-1 во тек на две сезони, два пати беше МВП на НЦАА лигата, МВП на Ол Старот на АБА лигата, МВП на Ол Старот на НБА лигата...

Меѓутоа, славата, парите и лудата глава наполнета со комплексите од младоста стигнаа. Дејвид наместо да биде најдобар и да биде еден од најдобрите тој одеше надолу. По 1978 година играчите се почесто го гледаа на тренинзи, а се почесто беше по мрачните улици со “тимот од сумливиот морал“. Скај вокер и овој пат одеше по облаци, но не поради забивања и летот над обрачот, тој леташе поради психоактивните супстанции...

“Станав најплатен играч во историјата на спортот. 4 милиони не се многу сега, но во тоа време беа ’вауу’. Донесов неколку лоши одлучи, некои погрешни потези. Сега ми е жал поради тоа. Свесен сум дека ме победи егото. Носев лоши спомени од детствово, родителите ме учеа да го почитувам Бога, но во тоа време се чувствував како кошаркарски Бог.“,

вели Дејвид Томпсон. Проблематичното однесување и лошите натпревари на крај ја натераа управата на Денвер да го избрка од клубот. Меѓутоа, и натаму имаше заинтересирани за него кој веруваа дека може да направи уште. Дојде во Соникси. Но, овој човек немаше сила да се издигне и покрај проблемите.

“Во тоа време во Сиетел бев очаен. Соиграчите ме одбегнуваа, луѓето ме викаа губитник зборуваа зад мојот грб. Никој не сакаше да разговара со мене, никој не сакаше да ми подаде рака... Бог ме фрли на колена поради што бев суров. Останав близок со еден пријател. Ме советуваше да одам на лечење, да го тргнам тој ужас, но едноставно немав сили за тоа. Ни сила ни волја.“ - искрен е Скај Вокер.

На крајот, Дејвид беше уапсен од полицијата, а во затворот преку ТВ можеше да ги гледа партиите на Доктор Џеј, својот голем ривал како игра одлична кошарка.

“Гледавме баскет во ќелијата. Во еден момент Џулиус беше прашан зошто игра така добро. Се сеќавам дека рече :“Ме мотивираше мојот голем ривал Дејвид Томпсон, човекот кој сега е зад решетки, мојот најголем ривал и најдобар кошаркар на светот. Поради него сум толку добар.“ Потоа затворениците станаа и добив стоечки овации. Тогаш сфатив дека нешто морам да направам со себе, дека дрогата, коцката, пијалокот и жените не се вредни за мојот живот. Кариерата ја упропастив, но не и мојот живот. Сега најмалку што можам е да излезам од затвор, да се однесувам како човек.“ - вели Дејвид.

И баш како што си вети себе си кога беше дете дека еден ден ќе му покаже на светот дека е вреден за внимание, така тој ден од затворската ќелија си вети дека ќе им докаже на луѓето дека е повторно човек кој стои на земја. И така по излегување од затвор, ги реши несогласувањата со сопругата која го напушти поради начинот на живот. А како круна за сето тоа Мајкл Џордан го внесе во “Куќата на Славните“.

После сето тоа што го направи во животот - на подобро сигурно не можеше да се надева...

0 comments:

Post a Comment