Home » , » Во Вашингтон сеуште не знаат кога ќе се врати Вол

Во Вашингтон сеуште не знаат кога ќе се врати Вол

Written By Anonymous on 8.12.12 | 13:32


Стартниот плејмејкер на Визардси оваа сезона не настапи на ниту еден натпревар и сеуште нема одговор на тоа прашање, кога ќе се врати ?

10 недели по што објавија од Визардс дека Џон Вол (22) ќе отстуствува околу 8 недели од паркетите поради повреда, и натаму не се знае кога најдобриот кошаркар на Визардс би можел да се врати на тренинзите, а камо ли на натпреварите.

Дали од Визардс имаат информација за враќањето на Вол, сеуште не се знае, но тимот игра катастрофално оваа сезона со само 2 победи од изиграни 16 натпревари. Четата на Ренди Витмен поворно загуби вчера од Атланта со 104-94. а она за што се грижат сите во клубот е кога ќе се врати нивниот стартен плеј.

Одговорот на тоа прашање не се знае, се чини дека исто како одговорот на тоа кога Визардс ќе победуваат. Според зборовите на претседателот на овој клуб, Ени Грендфил, повредата ќе го држи играчот подолго време надвор од терените. Меѓутоа, не преицизираше термин. Се шпекулира дека се околу 12 недели.

“Немам поим кога ќе се врати. Не доаѓа на тренинзи. Се што знам дека повредата му е сериозна и дека ќе биде надвор 8-12 недели. Искрено, помирен сум со фактот дека нема да игра во првата половина од сезоната. Не знам што да кажам, освен дека без него не можеме да се избориме ниту со еден противник.“ - вели Витмен.




0 comments:

Post a Comment