Home » , » Шекил О’Нил :“Двајт уште мора да работи за да биде најдобар центар во НБА“

Шекил О’Нил :“Двајт уште мора да работи за да биде најдобар центар во НБА“

Written By Anonymous on 7.12.12 | 20:28


Еден од најдобрите центари на сите времиња и екс кошаркарот на Лејкерси смета дека Хауард уште мора да напредува за да стане доминантна сила под обрачите.

Екипата на Лејкерси оваа сезона игра ужасно, имаат скор од 9 победи и 10 порази, а појачањето на Езерџиите од Орландо, Двајт Хауард не пружи партии како што се очекува од него.

За екс-центарот на Лејкерси и 5-кратниот освојувач на титулата, Шекил О’Нил нема дилеми, Супермен мора да ја унапреди играта и да дава повеќе поени за да стане најдобар центар во лигата.

“Двајт едноставно не дава доволно поени и нема доволно скокови. Доколку сака луѓето да го сметаат за најдобар центар во НБА лигата, мора да дава просечно барем 28 поени и да има минимум по 15 скока во натпревар.“ - смета Шек.

Моментално, Хауард е далеку од статистиките кој ги предлага Шек и има 18.5 поени и 11.2 скока по натпревар. Меѓутоа Шек знае рецепт за како Хауард да ја унапреди својата игра.

“Двајт мора да шутне барем 3 пати по четвртина, односно 12 пати во мечот. Со тоа мора да шутира и 50% од игра, што значи дека на тој начин дава по 12 поени. Со 4 офанзивни скока мора да направи уште поени, дали со двочекор или забивање, но таа игра би му донела уште 8 поени.“ - смета Шек и додава :

“По ’pick and roll’, мора да се искреира простор за уште 6 поени. Брајант или Неш, кој и да е плејмејкер сигурно мораат во текот на мечот да му местат на Двајт топки за шест лесни поени. Ако ова оди вака и ако дава по 10 слободни фрлања и дава само 50% од тие, тоа ќе му донесе на Двајт вкупно 31 поен, и тогаш би можеле да речеме дека тој е најдобар центар во лигата.“ - завршува Шекил.

0 comments:

Post a Comment