Home » , » Лери Брд и Меџик Џонсон не се сакаат ни во реклама

Лери Брд и Меџик Џонсон не се сакаат ни во реклама

Written By Anonymous on 7.12.12 | 20:12


Larry Bird and Magic Johnson joke around during pregame warmups before a 1988 Celtics-Lakers game at Boston Garden. (Steve Lipofsky/Corbis)
GALLERY: Larry Bird and Magic Johnson | Iconic Celtics | Iconic Lakers
Погледнете како некогаш изгледаа спотовите со познатите НБА ѕвезди.

Ривалството помеѓу Меџик Џонсон и Лери Брд од времето кога ги бранеа боите на Л.А Лејкерси и Бостон Селтикси почна уште кога беа на колеџ.

Судбината потоа во НБА лигата ги прати во Бостон и во Лос Анџелес, но само една случка мораше да ги поврзе овие двајца играчи, а тоа не беше во кошарката. Имено, во текот на 80’тите, двете големи ѕвезди на НБА лигата имаа рекламни договори со “Конверс“. Во ден момент челниците на оваа кампања одлучија да снимат реклама со двете ѕвезди, Лери Брд и Меџик Џонсон.

Отпрво, “Птицата“ која слави денес 55 години, не сакаше ни да чуе за таа реклама со Меџик Џонсон. Меѓутоа во договорот кој го потпиша беше обврзан на снимање на реклами. По тоа Лери се согласи, но под еден услов, сето тоа да се сними во дворот на неговата куќа.

Секако, размислувањето на Лери Брд за тоа каде да се сними рекламата не му се допаѓаше на Меџик Џонсон, но тој некако се согласи.

“Се сеќавам кога продуцентот ми рече дека ќе се снима во куќата на Брд, бев шокиран. Сепак, ги стегнав забите. Реков ’Снимаме. Овој црн човек има да направи се и ќе оди право во тоа одвратно зелено поле полно со пченка.“ - се сеќава Меџик.

0 comments:

Post a Comment