
Дури 69 поени искомбинираа Дурант и Вестбрук. Дурант имаше 36 поени, 9 скока и 4 асистенции, а Вестбрук 33 поени и 8 асистенции. Тоа беше 21 пат во кариерата да дадат +30 двајцата на еден натпревар.
Лејкерси стандардно беа предводени од Коби Брајант со 35 поени и Двајт Хауард со 23 поени и 18 скока. Лејкерси во оваа средба играа без поврединте Пау Гасол и Стив Неш, и имаа -19 во првата четврина. Потоа успеаа да намалат на -4, но беше залудно.
Во тексашкото дерби Сан Антонио со леснотија го победи Хјустон на домашен паркет со 114-92. Спарси не губеја во ниту еден момент, а вкупно имаа 55.2% шут од игра, за разлика од Рокетси кои имаа 38.9%.Спарси беа предовдени од Тони Паркер со 17 поени и 7 асистенции, Тиаго Сплитер имаше 15 поени, додека Тим Данкан имаше 12 поени и исто толку скока. Џејмс Харден ги предводеше Рокетси со 29 поени.
Чикаго Булси славеја на гости во Детроит со 108-104, а рекордна вечер имаше Џоаким Ноа. Центарот на Булси имаше 30 поени и 23 скока, рекордни во својата кариера. Булси имаа -17 во 2/4, но успеаа да ја вратат контролата на играта. Сите играчи на Булси имаа +10 од првата петторка, вклучувајќи го и Карлос Бузер кој имаше 24. Кај Детроит најдобри беа Родни Стаки со 24 поени и Брендон Најт со 21.
Филаделфија дома го совлада Бостон со 95-94, по продолжение, а јунак на Сиксерси беше Еван Тарнер. Имаше 26 поени и 10 скока, вклучлувајќи и победнички шут на 3.9 секунди пред крајот. Од другата страна најдобар беше Пирс со 27 поени, додека Ражон Рондо имаше трипл-дабл со 16 поени, 14 асистенции и 13 скока, но промаши шут за победа.
Минесота во својот Таргет Центар запиша лесна победа од 91-73. Тимот на “Волците“ беше носен на грбот на Кевин Лав кој имаше 36 поени и 13 скока.
Најуверливата победа на вечерта ја запиша Јута која со 131-99 го “растури“ Торонто. Дури 8 играчи на Јута имаа +10 поени, а најдобар беше Пол Милсап со 20 поени и 10 скока, како и Енес Кантер со 18 поени и 8 скока.
Денешни резултати :
Филаделфија 95-94 Бостон
Индијана 89-92 Денвер
Бруклин 102-109 Голден Стејт
Атланта 104-95 Вашингтон
Детроит 104-108 Чикаго
Њу Орлеанс 89-96 Мемфис
Минесота 91-73 Кливленд
Милвоки 108-96 Шарлот
Сан Антонио 114-92 Хјустон
Јута 131-99 Торонто
Оклахома 114-108 Л.А Лејкерс
Сакраменто 91-82 Орландо


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment