Home » , » Нетси и Бакси разменуваат играчи во јануари ?

Нетси и Бакси разменуваат играчи во јануари ?

Written By Anonymous on 18.12.12 | 15:46


Првиот трејд во 2013. година би можел да се случи на релација Милвоки-Бруклин, а екипите би трабало да ги заменат Ерсан Илјасова и Крис Хамфрис.

Нетси повторно се заинтересирани за услугите на Илјасова кој има уште 3 години од договорот со Бакси вреден 8 милиони долари по сезона.

Од другата страна, Хамфриз има уште 2 години од договорот со Нетси, а вреден 24 милиони долари. Бакси би сакале во своите редови да ги видат МаШон Брукс и Тејшон Тејлор, но нивните договори се далеку пониски од оној на Илјасова (вкупно 1.5 милиони долари по сезона).

Илјасова оваа сезона просечно бележи 8.8 поени со 5.5 скока, што е далеку од минатогодишните 13.0 поени и 8.9 скока по натпревар.

Ни Хамфриз не блеска оваа сезона, бележи 7.3 поени и 7.2 скока, додека минатата сезона имаше 13.8 поени и 11.0 скока по натпревар.

0 comments:

Post a Comment