Home » , » Марк Кјубан вели дека нема да го трејдува Дирк Новицки

Марк Кјубан вели дека нема да го трејдува Дирк Новицки

Written By Unknown on 14.1.13 | 17:43

Дирк Новицки, по освојувањето на титулата во 2011 не играше толку добро како што бевме навикнати да го гледаме. Тоа се должеше на повредите што го мачеа подолго време.

Кјубан го растури шампионскиот тим со тоа што го трејдуваа центарот Тајсон Чендлер, што им донесе поголема финансиска флексибилност.

Сега за сега, забележително е дека Далас не игра толку добро како што играа кога ја освоија титулата, но Кјубан не е задоволен само со еден прстен и изјави дека неговата работа во тимот сеуште не е готова.

Трејдувањето на Новицки беше една од решенијата за тимот на Далас да се реконструирата. Марк Кјубан изјави дека Дирк нема да биде трејдуван бидејќи тие имаат створено повеќегодишна врска која несакаат да ја прекинат.

“Кога Дирк ќе се пензионира, сакам тоа да го направи како играч на Далас Маверикс.“ - изјави Кјубан.

0 comments:

Post a Comment