Home » , » Реј Ален размислува за пензионирање

Реј Ален размислува за пензионирање

Written By Anonymous on 23.1.13 | 18:24


Искусниот бек шутер на Мајами Хит, Реј Ален (37) кој и натаму игра добро и на теренот поминува по 26 минути, сериозно ја разгледува можноста да оди во пензија по завршувањето на оваа сезона.

Имено, најдобриот тројкаш на сите времиња не изгледа дека има проблеми на теренот: многу е покретлив и изгледа дека годините не му можат ништо. И со своите 37 години во “Си ви то“ му стои дека е еден од најопасните шутери во НБА лигата, а со тоа во прилог му оди дека погодува дури 43% од своите шутови за три.

Иако на сите им делува дека популарниот Реј Реј има сосема доволно гориво во резерварот и дека може да поигра уште некоја сезона во НБА лигата, овој кошаркар признава дека е многу блиску до заминување во пензија, дури и толку блиску колку што луѓето не мислат.

“Не можам точно да кажам кога ќе одам во пензија. Не сакам да речам: тоа ќе биде на крајот на сезонава. Моментално се што сакам е да ја изиграм оваа сезона до крај. Се чувстувавм одлично, моето тело е во одлична форма. Сепак, прво сакам да ја завршам оваа сезона“,

вели Ален кој во НБА лигата стигна во 1996. година кога на драфтот беше одбран од Минесота, а набргу трејдуван во Милвоки. Бакси го трејдуваа во Сиетел каде овој кошаркар стегна играчка афирмација.

“Свесен сум дека сум во точка во мојата кариера која и натаму е успешна. Сега сум во ситуација во која знам како да игра, како да се однесувам, имам доволно искуство. Меѓутоа, нема да бидам еден од оние кој ќе се влечат по теренот по секоја цена. Просто, некогаш е навистина доста и мора да се стави точка“,

додаде Реј Реј и потоа објасни дека е многу веројатно ова да се случи по завршувањето на оваа сезона.

“Многу е можно да се откажам за време налетото. Не сакам да бидам играч кој не може да забие кога е во контра. Ќе видам, ќе размислам добро за сето ова во текот на летото. И натаму имам две години договор со тимот, кој знае што ќе се случи“,

остана мистериозен Реј Ален кој оваа сезона дава по 11.2 поени со 3.2 скока.

0 comments:

Post a Comment