Home » , » Двајт Хауард пристигнува во Нетс?

Двајт Хауард пристигнува во Нетс?

Written By Anonymous on 23.1.13 | 18:01

Лошите игри на Лејкерси сака да ги искористи ГМ на Нетс кој на големо работи на доведување на популарниот “Супермен“ во Бруклин.

Челниците на Нетс и оваа сезона тргнуваат во лов на Хауард, тврдат бројни извори од НБА лигата. Имено, лошата хемија во соблекувалната на Лејкерси, ужасните резултати, но и фактот дека Хауард не ја затвори вратата за премин во Нетс се клучни аргументи за клубот од Бруклин да се обиде да го донесе снажниот центар во своите редови.

Имено, не е тајна дека минатата сезона, додека ги бранеше боите на Орландо, Хауард сакаше да им се придружи на Џо Џонсон и Дерон Вилијамс и да заигра за Нетс. Нешто слично Двајт Хаурад зборуваше и на почетокот на оваа сезона и така им остави надеж на челниците на Нетс за доведување во тимот.

Она што, на тимот од Бруклин му оди од рака е дека под диригентската палка на П.Џ Карлисимо буквално се препородија и играат одлична кошарка, па се на скор од 25-16. Исто така не е ни спорно дека Хауард сака прстен. Како што стојат работите со овие Лејкерси ќе може само до плејофот, а не до евентуална титула во НБА лигата.

Свесни се поради тоа во таборот на Бруклин, а според зборовите на ГМ на Нетс, Били Кинг веќе ги засукал ракавите и рекол: “Ангажман на Хауард, втора глава“. Она што ни дава додатна причина на оптимизам е тоа дека Хауард до сега не го продолжи договорот со Лејкерси и на крајот на оваа сезона станува слободен играч.

“Сите знаат дека Двајт Хауард го напушти Орландо само затоа што франшизата немаше доволно јак играчки кадар за да стигне до титулата. Дојде во Лејкерси, затоа што се надеваше дека со Коби, Неш, Мета и Пау ќе ја има таа можност. Сигурно не се надеваше дека ќе имаат скор од 17-24 и дека ќе се борат за плејоф. Покрај тоа, тој не добива многу топки и не е среќен во клубот. Ќе видиме што ќе се случи, но до овој трејд може лесно да се дојде“,

вели овој извор. Овој извор вели дека единствено нешто што го кочи овој трејд е недостатокот на третата страна која на Лејкерси, наместо “Супермен“ би и довел играч добар под кошот. Според зборовите на овој извор Били Кинг во овој трејд сака да ја вмеша и Минесота која на големо сака да се “откаже“ од Кевин Лав и да го прати во Лејкерси. Со овој “блок-бастер“ трејд, Брук Лопез би завршил во Минесота, Кевин Лав во Лејкерс, а Двајт во Нетс.

Кочница на целата оваа приказна е тоа што Кевин Лав е мометално повреден и му е сркшена раката поради која ке паузира од 8-10 недели. Меѓутоа од Нетс веруваат дека Лејкерси се заинтересирани за Лав и се свесни дека доколку продолжат вака нема да видат ниту “п“ од плејоф. Меѓутоа, нешто што дознава овој извор е дека од канцеларијата на Нетс немаат намера да го трејдуваат Брук Лопез.

Меѓутоа, искуството покажа дека, кога одреден клуб демантира нешто, обично се случува нешто зад сцената. Едно е сигурно - каде што има чар, има и оган...

0 comments:

Post a Comment