Home » , » Карлос Бузер и Кевин Дурент - играчи на неделата (14/1 - 20/1/2013)

Карлос Бузер и Кевин Дурент - играчи на неделата (14/1 - 20/1/2013)

Written By Unknown on 22.1.13 | 14:43

Карлос Бузер од Чикаго Булс и Кевин Дурент од Оклахома Сити Тандер се именувани за играчи на неделата во источната, односно западната конференција, за натпреварите одиграни од 14ти до 20ти Јануари 2013 година.

Бузер беше најдобриот играч во тимот на Чикаго Булс, кој минатата недела оствари рекорд од 3 победи и 1 пораз. Во таа серија од 4 натпревари, Бузер постигнуваше по 23.0 поени и 14.8 скока по натпревар. Карлос исто така забележуваше и дабл-дабл учинок на сите натпревари, вклучувајќи го и оној натпревар каде што имаше 19 поени и 20 скока во победата над Селтикс од 100-99 на 18ти Јануари.

Дурент исто така ја предводеше Оклахома до недела од 3 победи и 1 пораз, во која постигнуваше рекордни во лигата 37.5 поени по натпревар. Исто така, Дурент постигна 52 поени во победата против Далас Маверикс по едно продолжение, што е рекорд во постигнати поени во неговата кариера. 

Други номинанти за оваа награда беа: ЛеБрон Џејмс, Греивиз Васкез, ДеМаркус Казнс, Расел Вестбрук и Џру Холидеј.

0 comments:

Post a Comment