Home » , » Сиетел уште од сега сака големи имиња, веќе преговараат со Фил Џексон и Лери Брд?

Сиетел уште од сега сака големи имиња, веќе преговараат со Фил Џексон и Лери Брд?

Written By Anonymous on 22.1.13 | 17:07


Раководството на старо-новиот НБА клуб - Сиетел, веќе почна преговори со некои познати имиња кој челниците сакаат да ги видат во својот тим. Како што тврдат бројни извори, разговори се водат со Фил Џексон, Лери Брд, но и многу други.

По вчерашните информации дека Сакраменто Кингси официјално ќе го продадат тимот на инвеститорска група од Сиетел, јавноста на големо нагаѓа што се ќе променат во организацијата. Како што стојат сега работите, можно е од следната година повторно да ги гледаме Сиетел Супер Соникси, гледајќи дека овој град и натаму располага со називот на тимот.

Како и да е, извесно е дека челниците на новиот клуб не седат со скрстени раце. Како што се “шушка“, раководството на овој клуб нема намера да бидат само добар тим, туку да бидат одличен. Токму поради тоа во тимот би можеле да пристигнат големи имиња.

“Сиетл разговара на големо со разни имиња на кој треба да рачунаме од следната сезона. Списокот за кандидатите за оваа работа е поинаков, а не него се ГМ на Спарси Ар Си Бафорд, екс претседателот на Индијана Пејсерс Лери Брд, но и најдобриот тренер на историјата на НБА лигата - Фил Џексон.“,

тврди еден неименуван извор кој додава дека сопствениците на чело со Крис Хансен и Стив Балмер се подготвени на се. Новите сопственици на франшизата веруваат дека тимот може да биде добар.

“Извесно е дека ГМ на Кингс Џеф Пети кој ја одработува последната година од договорот нема да добие продолжување на соработката. Тој, по својата прилика, ке оди во пензија. Со Фил Џексон ситуацијата е “затегната“ и многу извесно дека тој попрво ќе седне во канцеларија отколку на тренерското столче и дека ќе управува некоја функција во клубот“,

наведува овој извор. Сепак, што ќе се случува со Сиетел, ни останува да видиме во деновите кој се пред нас, пред се во текот на летната пауза...

0 comments:

Post a Comment