Home » , » Лигата објавува: Сакраменто Кингси и официјално продадени

Лигата објавува: Сакраменто Кингси и официјално продадени

Written By Anonymous on 21.1.13 | 22:21


Новиот сопственик на франшизата е инвеститорската група од Сиетел на чело со Крис Хансен.

НБА лигата денес издаде официјално соопштение во кое се наведува дека се завршени преговорите и откупот на контролниот дел на фамилијата Малуф кој беа сопственици на Сакраменто Кингси. Новиот сопственик на франшизата сега е инвеститорска група од Сиетел како што рековме на чело со Крис Хансен.

Оваа трансакција е одобрена од страна на управниот одбор на лигата, а уште мора да помине низ конторлата на одобрување на ревизијата. Гевин Малуф, еден од членовите на богатата фамилија која ги поседуваа Кингси вели:

“Секогаш го почитувавме нашето сопствеништво над ’Кралевите’, а исто така се однесувавме кон навивачите и кон сите вработени. Исто така сакаме да му се заблагодариме на Крис Хансен за покажаната професионалност во текот на преговорите. Ја оставаме франшизата во добри раце.“

Ниту една страна не ги објави деталите од договорот, а се знае дека франшизата е проценета на 525 милиони долари. Инвеститорската група од Сиетел купи 65% од сопствеништвото...

0 comments:

Post a Comment