Џордан Хил се појави на натпреварот на Лејкерс против Кливленд и едвај стигна одејќи до клупата. Тешко одеше и беше навистина страшно да се гледа.
Но, има и добро причина зошто толку тешко се движеше. Џордан Хил ќе мора да прави операција на кукот и поради тоа ќе го пропушти останатиот дел од оваа сезона.
Бидејќи Хил се повреди скоро во исто време со Пау Гасол и Двајт Хауард, неговиот преглед беше одложен, за да докторите на Лејкерс прво ја средат ситуацијата со нивните главни центри. Но, откако Хил конечно се сретна со докторот и со специјалист за такви повреди како неговата (во случајов кук), беше откриено дека операција ќе биде неопходна и тоа ќе го чини Хил да го пропушти остатокот на сезоната.
Лејкерси имаат очајни проблеми со повредите оваа сезона, но добра вест е што Двајт Хауард се врати за натпреварот со Кливленд синоќа и беше максимално ефективен со 22 поени и 14 скока, не покажувајќи никавки знаци на болка во рамото. Пау Гасол сеуште е недостапен за Лејкерс, поради потресот на мозокот кој што го заработи минатата недела на натпреварот против Денвер Нагетс.
0 comments:
Post a Comment