Home » , » Кевин Мартин се надева дека ќе остане во Оклахома и по оваа сезона

Кевин Мартин се надева дека ќе остане во Оклахома и по оваа сезона

Written By Unknown on 26.1.13 | 20:30

Кевин Дурент играл голема улога во олеснувањето на процесот на адаптација на Кевин Мартин во тимот на Оклахома, откако беше доведен во трејд со Џејмс Харден. 

Кога дознале за трејдот, Дурант и Перкинс веднаш телефонски му посакале добредојде на Кевин Мартин. Но, што е она што може да го задржи Кевин Мартин во тимот? Тоа се парите, околината како и самиот град, а сето ова ќе му биде на располагање ова лето кога ќе биде слободен играч.

Се шпекулира дека Кевин Мартин со задоволоство би прифатил да потпише повеќегодишен договор со Тандер, доколку добие квалитетна и фер понуда.

“Се надевам ова лето сите работи ќе се средат и ќе го пронајдам својот дом во овој тим. Ми се допаѓа да играм во овој тим со играчи како Дурант и Вестбрук, а секако и останатите. А и организацијата е одлична. Тука се чувствувам најсреќно откако ја почнав својата кариера во НБА.” - изјави Кевин Мартин.

“За нов договор ќе зборуваме тогаш кога ќе дојде време, сега е прилично рано да се води таков разговор. Задоволни сме од Мартин, од неговата игра и придонес во тимот.” - изјави ГМ на Оклахома, Сем Прести.

И Дурент и Перкинс, како и останатите играчи на Оклахома, сите во своите изјави на неколку пати го пофалија Кевин Мартин, неговата пожртвуваност и неговиот придонес во тимот и изразија желба и надеж дека и наредната година ќе бидат соиграчи.

Мартин кон крајот оваа сезона ќе ја надмине бројката од 60 милиони долари заработени во НБА, а во последната година од овој договор треба да заработи 12.4 милиони, но наводно би потпишал и за помала сума доколку е среќен и тимот победува и се бори за титула, што во моментов е се исполнето. Но прашаењето е дали ОКС можат да си дозволат да го задржат во тимот ?

0 comments:

Post a Comment