Милвоки има некои големи прашања околу својата иднина: Каков тип на тим градат? Кој е најдобар тренер кој би го воспоставил новиот план на игра? Кои играчи во тимот се вклопуваат во тој систем? Кои играчи треба да бидат трејдувани?
Но според Бакс, бидете сигурни дека кој и да биде трејдуван, Брендон Џенингс нема да се оддели од оваа организација. Џенингс има носи на Бакс во просек по 18.5 поени и 5.8 асистенции, што во тие околности се сосема солидни бројки.
Џенингс ќе биде слободен играч наредното лето, а фактот што не остава да мислиме дека Џенингс ќе биде некаде трејдуван е тоа што Милвоки не му дозволи на Џенингс да потпише договор пред почетокот на оваа сезона, кога што повеќето слободни играчи добија нови договори.
Дека Џенинг нема да биде трејдуван потврди и Марк Стејн од „ESPN“ :
“Извори блиски до ситуацијата потрврдија дека слободниот играч Брендон Џенингс е последниот играч на Бакс што има шанси да се трејдува, иако Милвоки одби да му овозможи на нивниот млад плејмејкер да потпише договор помеѓу 1-ви Јули и 31-ви Октовмри, кога имаа шанси да ја продолжат соработката со него.“
0 comments:
Post a Comment