Њу Јорк Никс не играат добро во последно време, а лошите вести за повредите стигнуваат една-подруга.
Мајк Вудсон ги израдува фановите на Никси со една добра вест, кога на разговор со новинарите по еден тренинг на Никс изјави дека младиот Иман Шамперт е 100% закрепнат од повредата која ја заработи минатата пролет (кога ги искина лигаментите на коленото, во првиот натпревар од плејофот против Мајами Хит) и дека би можел да го одигра првиот натпревар сезонава во текот на оваа недела.
“Докторите потврдија дека Иман е заздравен и дека е спремен за да игра. Имаме два тренина, од кој еден во Лондон, и доколку тој е навистина спремен за акција би можел да заигра на натпреварот против Детроит.“ - изјави Мајк Вудсон.
Њу Јорк Никс и Детроит Пистонс ќе одиграат еден натпревар во Лондон, Велика Британија, во рамките на промоцијата на НБА лигата во Европа. Натпревар ќе се одигра во Четврток, во 21:00 часот.
Њу Јорк Никс имаат многу проблеми со повредите, па играч од калибарот на Шамперт би значел многу кога би се вратил целосно заздравен. Шамперт исто така ќе помогне многу во одбраната за Никс, која е лоша во последно време.

0 comments:
Post a Comment