Home » , » Двајт Хауард мора на операција?

Двајт Хауард мора на операција?

Written By Anonymous on 31.1.13 | 13:35


Л.А Лејкерси изгубија вчера во Аризона, поточно во Феникс пошто Санси ги победија со резултат од 92-86. Сепак, новиот пораз не е најлошото што може да им се случи на избраниците на ДиАнтони, гледајќи дека уште на средината на 4/4 поради повреда излезе Хауард.

Центарот на Лејкерс дефинитивно не се чувствува добро. Во текот на оваа сезона имаше многу повреди и не е сеуште 100% спремен. Како последица на ова, повторно се повреди и ќе пропушти неколку натпревари.

Неодамна асот на Лејкерси кажа дека не сака да оди на операција иако трпи голема болка, а како што стојат работите, нажалост, тоа ќе биде единствено решение за играчот на Лејкерс. Имено, од вчера, по една наизглед безизлезна ситуација во која дојде до офанзивен скок, проба да даде зицер. Наместо тоа, се фати за рамото и со болна гримаса го напушти теренот.

“Навистина трпам јаки болки. Чувствувам како ми беше десната страна потполно парализирана, се ме болеше“,

вели Хауард кој не се врати на паркетот и одма по повредата му беа ставени ладни облози на десното рамо. Центарот на “Езерџиите“ изјави по мечот дека болката ја почувстувал вчера била иста како таа на 4. јануари на дуелот против Клиперс. Тој додаде дека сега ќе чека ситуацијата со рамото да се смири во потполност за да не си наштети во меѓувреме.

“Свесен сум дека морам да бидам трпелив. Не сакам да ми се влоши состојбата. Искрено, не сакам да пропуштам натпревари, тоа ме излудува, но ќе морам да видам како се одвиваат работите. Навистина сум малер.“,

објасни Двајт Хауард кој во текот на летото имаше операционен зафат на грбот поради кој го пропушти крајот на минатата сезона.

0 comments:

Post a Comment