Home » , » ДиАнтони пресече: “Гасол на клупата до крајот на сезоната“

ДиАнтони пресече: “Гасол на клупата до крајот на сезоната“

Written By Anonymous on 22.1.13 | 17:23


Л.А Лејкерси се во потрага по спасот, се помалку има воздух, а самите шанси за плејофот од меч во меч се помали. Последното разочарување Лејкерси го доживеаја вчера, беа поразени од Булси со резултат од 95-83.

Токму во овој меч Пау Гасол почна од клупата, а шефот на струката ДиАнтони го држеше на паркетот 25 минути. Шпанецот на довербата му одговори со 15 поени и 12 скока, а солидната ротација која ја имаше како резервист го “бетонира“ на клупата.

Имено, ДиАнтони ја донесе и својата конечна одлука и шпанецот до крајот на сезоната ке влегува од клупата. Тренерот на Лејкерси оваа сезона се обидува да најде победничка формула, но тоа не му оди од рака. Лејкерси се на скор од 17-24.

“Таа одлука е најдобра за Гасол. Сметам дека тоа е најдобро за тимот. Сакаме да ја превртиме ситуацијата во наша корист и работите да ни профункционираат на начин на кој ние сакаме. Не сакам да зборувам потешко, сакам да ги промениме малите работи, јас не зборувам за иднината. Никој не знае што ќе се случи на крајот, јас не можам да предвидам, но сакам да одиме напред“,

вели МајкДиАнтони. По оваа изјава на тренерот на Лејкерс со свој коментар излезе и Пау Гасол кој вели:

“Незнам и немам поим што одлучи тренерот. Секако дека ова не ми се допаѓа, немам со што да бидам воудушевен. Но, не можам да ја оптеретувам главата со работи кој не се во моја контрола. Сепак, моментално Лејкерси имаат повеќе мака од мене и моите минти. Колективно сме во проблем. Јас сум тимски играч и затоа сите овие порази ми паѓаат тешко“,

објаснува Гасол.






0 comments:

Post a Comment