Home » , » Вистински кошаркар, погрешен татко: Карл Малоун

Вистински кошаркар, погрешен татко: Карл Малоун

Written By Anonymous on 22.1.13 | 18:27


Во животот скоро ги победуваше сити битки, но падна на двете најважни: никогаш не освои титула во НБА лигата и пред се - никогаш не умееше да биде добар родител...

За момент можеби ќе ви се чини дека оваа приказна нема многу врска со кошарката. Димитријус Бел (28), професионал играч на американски фудбал, кој моментално ги брани боите на Филаделфија Иглс, имаше прегршт проблем во живтотот. Главно од лична природа.

За сите луѓе на светот, па така и за овој човек, најважно е од раѓањето да се има поддршка од родителите. Во се што се прави. Меѓутоа, тој можеше да смета на само еден родител. Таткото никогаш не ни го запозна. За него именката “татко“ претставуваше нешто апстрактно како дух од магична ламба, нешто што ќе ви ги исполни сите желби што ги имате, доколку ги имате.

Можеби поради тоа не треба премногу да изненадуваат зборовите на овој, сега веќе возрасен човек, кој во 2008 година стигна во светот на НФБ, кога на драфтот го одбраа Бафало Билси и во 2008 одлучи на јавноста да и каже што му е на душа...

“За мене татко не постои. Него го третирам како личност која е вистинска, но кој ја трела мојата мајка чисто колку да и даде сперма. Исто како да отишла во банка да земе сперма. Не го мразам поради тоа што никогаш не бил во мојот живот. Во стварност, тоа ме направи подобра личност“,

вели Деметриј Бол за својот родител. Меѓутоа, тешко дека овој американски фудбалер може да го третира својот татко како обичен дарител на сперма. Пред се затоа што тој не беше тоа. После се, поради тоа што станува збор за живата легенда на Јута Џез, освојувачот на две ОИ Злата и еден од најдобрите крилни играчи на сите времиња.

Станува збор за личноста која успеа скоро во се: зад себе има богата кошаркарска кариера, 14 пати е биран за Ол Стар натпреварот, 11 пати беше член на првата петторка на лигата, 2 пати беше МВП на лигата, втор стрелец на сите времиња со 36928 поени... Успеа скоро во се, освен да биде шампион и да биде татко. Да, станува збор за Карл Малоун.

А ако некогаш сте се запрашале зошто Бел од мал не доаѓал на кошаркарски натпревари на Јута Џез или затоа што никогаш не доаѓал на пресконференции како што имаме шанса да го гледаме Крис Пол Џуниор, или зошто Карл Малоун не го вклучуваше својот син во било какви односи, одговорот на тоа е прилично едноставен: никогаш не сакаше да има нешто со него.

Поточно, Карл никогаш јавно не зборуваше за својот син. Вистина е дека овој младич се обидувал да го контактира, да праќа писма на адреса на канцеларијата на НБА лигата и Јута Џез, но одговор никогаш не доби. И тоа е тажно. А тешко е да се рече која од овие две работи е поизненадувачка: тоа што легендата на НБА лигата е ладна кон својот син или тоа што Деметријус Бел успеа да ги преброди своите детски трауми поради недостаткот на татко во својот живот.

Тоа што е најважно, е дека Бел од ова излезе како победник успевајќи да го преброди фатктоте дека расте без очите на својот татко. За сите други, Малоун беше див, а за Бел беше обичен патуљак. Деметријус поразна во местото Семерфилд, родниот град на Малоун. И не тргна веднаш по стапките на американскиот фудбал. Поточно, имаше понуда да стане кошаркар, му беше нудена стипендија во универзитетот кој се наоѓа на само 2.5 саат ид неговиот дом. Во неговото средно школо сите го опишуваа како син на кошаркар...

Да го оставиме Карл Малоун на страна за момент, бидејќи и без него приказната на Бел е сама по себе фантастична. Само 3 години пред да биде драфтуван Деметрију се гледаше како кошаркар. Сакаше да стане ѕвезда и да ја достигне славата - сигурно веќе знаете на кого...

Меѓутоа, на еден од кошаркарските тренинзи “го снимија“ скаутите на американскиот фудбал. Беа убедени дека со својата висина би бил одличен дефанзивец во НФЛ лигата. И така кариерата од кошаркарска му се претвори во фудбалска, за само една секунда.

На позицијата на дефанзивец се задржа само еден натпревар и тоа во 2005. година, после што тренерите имаа нова замисла за него - да биде напаѓач, само три недели пред стартот на сезоната. По 22 натпревари во стартната постава, Деметријус Бел е избран за идеалниот тим на Америка, а сега член на НФЛ лигата. Плус, Бел воедно дипломираше на факултет.

“Кога бев избран на драфтот, плачев како дожд. Толку бев среќен“,

вели Деметрјус. Меѓутоа, тој не е единствена жртва на вонбрачните “пик енд ролови“ на својот татко. Сегашиот фудбалер е само едно од трите деца кој во долгогодишната кариера Малоун ги направил надвор од бракот. Меѓутоа, Бел е единствениот кој со Малоун не сакал од некоја причина да разговара. Останатите две вонбрачни деца на Карл се сестрите близначки Дарли и Шерил Форд. Двете студираа на универзитетот Луизијана. Како и нејзиниот татко, Шерил денес игра крило во женската НБА лига за Детроит Шок.

Всушност, Карл најпрво одбиваше да ги прифати сестрите како свои. На крајот, сепак ги прифати. Дури во една прилика кога имаа 17 години се појави во јавноста со нив. Карл тогаш ги бодреше на натпревар на универзитетскиот тим. Изгледа дека Деметријус Бел само ја промаши ложата за очите. Како што Бел вели Карл Малоун во една прилика рекол дека е касно да му биде татко и дека ќе мора да продолжи сам. Драго ми е што се запознавме, тато.

“Пораснав покрај добри луѓе. Никогаш не спаѓав во оние личности кој по секоја цена мораат да се вколопат во сликата на својот татко. Имав среќа, татко не ми беше потребен. Бев среќен и без него, не ми треба ништо и никој друг, добро ми беше и со луѓето кои ги знаев“,

вели Деметријус Бел. Меѓутоа, на кого не му треба татко, макар и тој да е познат? Сигурно е дека од повеќе љубов никој никогаш не се разболил.

По новините секојдневно може да се прочита дека дека девојчиња од 15 години често стануваат мајки...А тоа не е ништо кон она што го направи Карл Малоун. Имено кога беше 20 - годишен софмор на Луизиана Тек, во далечната 1983та година спиеше со 13-годишно девојче, идната мајка на Деметријус Бел. Секако, може ли да се оправда овој потез?

Тешко е да се верува и дека сите 100 милиони кој во својата НБА кариера ги заработи може да ги наплати за спиење со малолетно девојче... Меѓутоа, кога Карл потпиша договор со Јута Џез, бабата и дедото на Бел побараа од него со 200 долари месечно да им помага за издржување на детето. НБА ѕвездата никогаш не им одговори на писмото.

Меѓутоа, правдата стигна на суд, а судијата на држвата Луизијана одлучи Карл Малоун дека треба да плаќа алиментација од износ од 125 долари месечно. Иако имаше милиони во рацете тврдеше дека тоа е премногу. Подоцна во 1989. година се најде во приватна ситуација со бабата и дедото на Бел и се договори за да им дава пари надвор од судска надлежност.

И тоа не е се. Тоа што е најчудно до сега е тоа што Деметријус Бел во текот на животот разви братски односи со Дерил и Шерли Форд кој исто така пораснаа во Самерфилд. Братот и неговите две полусестри во младите денови често одеја на риболов, а Бел опишува дека сестрите биле многу поврзани. Можеби некои се прашуваат: Дали ќерката на Малоун, Шерил не стана позната кошаркарка која во 2003. година го зеде прстенот во женската НБА лига и дали Карл Малоун некогаш се појавил во нејзиниот живот?

Меѓутоа, Деметријус Бел нема што да му докажува на својот татко, мада искрено веројатно никогаш не би го обвинувал. Меѓутоа, на прашањето дали некогаш сака татко му да го побара, фудбалерот не знае што да каже:

“Тоа е нешто за кое никогаш не сум размислувал. Никогаш не бил тука, никогаш не ми падна на ум и не сакам да зборувам за тоа. Не знам што би било кога би било.“,

вели прилично вознемирениот Бел. Без сомение, има право да се чувстува непријатно. И додека Бел зборува за својот татко кој не ни го познава, екс ѕвездата на Јута Џез своевремено во 2003. година со својата сопруга Кеј Малоун отвори дом за незгрижени деца во Солт Лејк Сити и им даруваше поклони. Да, Карл Малоун им делеше поклони на непознати деца, додека своето дете никогаш не сакаше да го прифати и згрижи. За сето тоа имаше и благодарница од градоначалникот од Солт Лејк Сити:

“Во името на градот сакаме да Ви се заблагодариме за се што направивте за нашиот град“,

вели тогашниот градоначалник. На конференцијата на новинари после прошетката по тој град Карл Малоун и неговата сопруга Кеј, со која има 4 децан, зборуваа за вонбрачните деца. Секако, не за Деметријус Бел, туку за Дерил и Шерил.

“Се што проживеав, се што направив во НБА лигата и во својот приватен живот не би го успеал ако немав поддршка од фамилијата. Да не беа тие луѓе, би ми било тешко.“,

вели Малоун. Тој можеби никогаш не размислувал за него, но беше негов син. По целата кариера во која имаше толку успеси, на некои можеби им е драго што не го помина Џабар по бројот на поени, или што никогаш не зеде прсен, па дури и што во старите денови отиде во Лејкерси кај Коби и Шек....После се, не ни заслужи.

0 comments:

Post a Comment