Home » , » Форбс: Коби Брајант е најпрофитабилниот играч во НБА лигата

Форбс: Коби Брајант е најпрофитабилниот играч во НБА лигата

Written By Anonymous on 24.1.13 | 13:37


Според листата на Форбс ѕвездата на Л.А Лејкерси е играч кој, вклучувајќи ја и платата, но и заработката “од страна“, најмногу заработува во текот на една сезона.

Угледното списание “Форбс“, кое се занимава со економски проценки и анализи, објави список кој ги сорджи најплатените играчи во НБА лигата. Според податоците на ова списание, најплатен е Коби Брајант кој годишно зема нешто помалку од 60 милиони долари.

Зад петитите му е ЛеБрон Џејмс кој зема 57.6 милиони, а трет е Дерик Руоз кој е далеку од Џејмс и Коби, со заработувачка од 32.4 милиони долари. На десето место се наоѓа “најмачниот“ Европјанин кој влезе на листата, Пау Гасол со заработувачка од 21.5 милиони долари.

Целосната листа на “Форбс“:

1. Коби Брајант, заработка: 59.8 милиони
Од договорот: 27.8 милиони
Надвор од договорот: 32 милиони

2. ЛеБрон Џејмс, заработка: 57.6 милиони
Од договорот: 17 милиони
Надвор од договорот: 40 милиони

3. Дерик Роуз, заработка: 32.4 милиони
Од договорот: 16.4 милиони
Надвор од договорот: 16 милиони

4. Двејн Вејд, заработка: 30.2 милиони
Од договорот: 17.2 милиони
Надвор од договорот: 13 милиони

5. Кевин Дурант, заработка: 29.7 милиони
Од договорот: 16.7 милиони
Надвор од договорот: 13 милиони

6. Кармело Ентони, заработка: 28.4 милиони
Од договорот: 19.9 милиони 
Надвор од договорот: 9 милиони

7. Амаре Стадемаер, заработка 27.9 милиони
Од договорот: 19.9 милиони
Надвор од договорот: 7 милиони

8. Двајт Хауард, заработка: 26.5 милиони
Од договорот: 19.5 милиони
Надвор од договорот: 7 милиони

9. Крис Пол, заработка: 24.8 милиони
Од договорот: 17.8 милиони
Надвор од договорот: 7 милиони

10. Пау Гасол, заработка: 21.5 милиони
Од договорот: 19 милиони
Надвор од договорот: 2.5 милиони


0 comments:

Post a Comment