Home » , » Хауард: “Единствена причина поради која не барам трејд е тоа што сум слободен играч на крајот на сезоната“

Хауард: “Единствена причина поради која не барам трејд е тоа што сум слободен играч на крајот на сезоната“

Written By Anonymous on 24.1.13 | 13:46


Центарот на Л.А Лејкерс Двајт Хауард (27) се најде во центарот на вниманието, не поради своите лоши партии, туку поради зборувањата дека ќе го напушти тимот и ќе им се придружи на Бруклин Нетс.

Имено, неодамна се дозна дека ГМ на Нетс, Били Кинг прави се што може за да го ангажира Хауард. Ова е секако можно, бидејќи Хауард го нема обновено договорот со Лејкерси. Сега и додатно сам Хауард се изјасни.

“Единствена причина поради што и натаму сум овде е тоа што станувам слободен играч по сезонава. Можам да одам без никакви проблеми каде што сакам. Разбирам се што се зборува. Не е важно што зборуваат луѓето, што ми велат во клубот, безразлика, тоа ќе биде моја одлука. Моментално, планот ми е да останам овде до крај на сезоната. Фукусиран сум на плејофот, а после тоа ќе видам што како“,

вели Хауард и на индиректен начин порача дека нималку не е среќен во Лејкерси и дека лесно ќе пронајде нов тим доколку ситуацијата во клубот не се промени.

“Разбирам се што се зборува и гласините кој кружат, повторувам јас сум слободен човек и можам да одам каде сакам. Тоа е моја одлука. Се надевам дека ќе ја свртиме сезоната во наша корист. Ни останаа нешто повеќе од 40 натпревари до крајот, можеме да победуваме. Верувам дека ќе одиме во плејоф, знам дека тоа зависи од мене. Морам да бидам најдобар што знам и да не се гружам за ништо на натпреварите. Да играм најдобро, верувам во овој тим“,

вели центарот на Лејкерси и рече дека сите во тимот сакаат да победуваат. На крајот тој ја презеде вината за слабите натпревари.

“Признавам дека сум крив, се оди од мене. Морам да доминирам дефанзивно, не смеам да мислам на нападот. Очигледно дека то не се бара од мене овде. Морам само на тоа да мислам, да не се грижам за нападот, знам дека морам да работам повеќе за овој голем тим. Знам дека ако доминирам ќе победуваме. Нема да победуваме додека не играме добро и не доминираме против противниците“,

вели Хауард, а по овие зборови, сигурно, приказните за неговото заминување ќе се зголемат...

0 comments:

Post a Comment