Home » , » Џо Џонсон ги решава Визардс, Клиперс уште еднаш подобри од Лејкерс

Џо Џонсон ги решава Визардс, Клиперс уште еднаш подобри од Лејкерс

Written By Unknown on 5.1.13 | 11:01

По втор пат оваа сезона, Бруклин Нетс играат двојно продолжение и по втор пат Џо Џонсон ги спасува со херојски потег. 


Вашингтон Визардс 113 - 115 Бруклин Нетс
(двојно продолжение)
Џо Џонсон го погоди својот втор победнички шут во дресот на Бруклин Нетс оваа сезона и им ја донесе на своите Нетси втората последователна победа. Се играше навистина интересен натпревар во Вашингтон. Нене погоди за израмнување од 93-93 и го испрати натпреварот во првото продолжение. Потоа клучна тројка за израмнување на 104 погоди рукито Бредли Бил и го испрати натпреварот во второ продолжение. И тука натпреварот беше максимално изедначен, па Џо Џонсон мораше да ја превземе работата во свои раце и да шутне за победа. Откако Џонсон погоди, на часовникот останаа уште 0.7 секунди, што не беше доволно време за Вашингтон да упати уште еден шут.
Џонсон натпреварот го заврши со 18 поени, а одлични беа Дерон Вилијамс со 23 поени, 10 асистенции и 7 скока, Брук Лопез со 27 поени и 13 скока и поранешниот играч на Визардс Андреј Блеч, кој заврши со 13 поени и 12 скока од клупата.
Бредли Бил одигра најдобар натпревар за Визардс, постигнувајќи најдобри во кариерата 23 поени, 11 асистенции и 7 скока. Нене заврши со 20 поени и 6 скока, додека од клупата Џордан Крофорд постигна 23 поени. 



ЛА Клиперс 107 - 102 ЛА Лејкерс
Втора епизода и од битката за Ел-Еј, а Клиперси повторно поуспешни и на условен домашен терен, предводени од Крис Пол и Блејк Грифин. Пол го одигра убедливо најдобриот натпревар во сезоната, постигнувајќи 30 поени, 13 асистенции, 6 скока и 2 украдени топки, додека Блејк Грифин на крајот заврши со 24 поени и 5 скока. Освен Вили Грин, кој заврши со 10 поени, никој од останатите играчи на Клиперс немаше повеќе од 9 поени. Џамал Крофорд го пропушти овој натпревар поради повреда на стапалото.
Коби Брајант беше незапирлив уште еднаш, откако синоќа постигна 38 поени и украде 5 топки. Двајт Хауард заврши со 21 поен, 15 скока и 2 блока, но во последните 2 минути го заработи својот шести фаул, па мораше да го напушти натпреварот. Стив Неш имаше дабл-дабл учинок со 12 поени и 10 асистенции, а од клупата солидни беа Џоди Микс со 14 и Џордан Хил со 13 поени и 7 скока. 


Мајами Хит 89 - 96 Чикаго Булс
Уште еден интересен натпревар во источната конференција, каде што Булс поведуваат со 1-0 во сезонските серии против Мајами Хит. Карлос Бузер одигра одличен натпревар со 27 поени и 12 скока, Џоаким Ноа заврши со 13 поени и 12 скока, а одличен од клупата беше Нејт Робинсон со 13 поени. Причината за победа на гостите беа скоковите, каде што Булси значајно доминираа. Тие имаа вкупен број од 48 скока, додека противниците ги задржаа на само 28 скока, што е всушност помалку од скоковите што ги исконбинираа Бузер, Ноа и Гибсон (33). 
“Доколку сакате да го победите Мајами, мора да покажувате енергија и борба насекаде на теренот. Исто така, ви треба напор од повеќе играч и тимска игра.“ - изјави Том Тибодо по првата сезонска победа на Чикаго над Мајами.
Кај домаќините најдобар беше ЛеБрон Џејмс со 30 поени и 6 скока, Двејн Вејд заврши со 22 поени, а Крис Бош имаше потпросечни 14 поени и 5 скока. Освен Норис Кол, никој од останатите играчи на Хит немаше повеќе од 6 поени.

Останатите натпревари:

Торонто Рапторс 96 - 105 Сакраменто Кингс 
Шарлот Бобкетс 104 - 106 Кливленд Кавалирс
Детроит Пистонс 85 - 84 Атланта Хокс
Бостон Селтикс 94 - 75 Индијана Пејсерс
Мемфрис Гризлис 84 - 86 Портланд Треил Блејзерс
Оклахома Сити Тандер 109 - 85 Филаделфија СевентиСиксерс
Милвоки Бакс 101 - 115 Хјустон Рокетс
Феникс Санс 80 - 87 Јута Џез

0 comments:

Post a Comment