Брајант ја игра својата 17. сезона во НБА лигата, 34-годишниот бек на Лејкерси до сега освои 5 титули, но само еднаш беше МВП на лигата.
“Ќе играм веројатно уште две години, максимално. Можеби следната и тоа би било тоа, би било крај. Тоа е една од оние работи за кои верувам дека ќе биде готово, кога еден ден ќе се разбудам сигурен во себе. Кога ќе го осетам тоа, нема веќе назад“,
вели Брајант кој на крајот на следната сезона му истекува договорот со Лејкерси, а за евентуална додатна сезона ќе се одлучи само ако постојат шанси да освои нова титула, во спротивно ќе ја заврши кариерата, летото 2014. година.
Брајант во текот на кариерата просечно бележи 25.5 поени, 5.3 скока и 4.7 асистенции.
0 comments:
Post a Comment