Скоро се што шутна влезе во кошот. Дадде феноменални 54 поени, 11/13 за три, постави клупски рекорд, но, ова беше премалку за триумф.
“Цела вечер се чувствував многу добро. Очигледно е дека изиграв на ниво, се обидував да направам се што е во моја корист за да му помогнам на мојот тим. Се трудев да бидам корисен во нападот, но и во одбраната... Кога почнав да сфаќам дека секој мој шут за три влегува низ обрачот, шутирав и од транзиција. Сепак, на крајот тоа немаше никаква вредност“,
вели Кари кој е разочаран од поразот. Рекордните 54 поени на ова момче останаа во сенка на едно друго достигнување. Одличниот центар на Никси Тајсон Чендлер даде 16 поени, но покрај нив имаше и 28 скока. Кармело додаде 35 поени кои беа доволни за победа, а тренерот на Никс, Мајк Вудсон го пофали Кари.
“Беше вистинско уживање да се гледа Кари. Играше како генијалец. Има одличен шут. Се сеќавам на неговиот татко, ниту тој не можеше да промаши. Сепак, победивме. Направивме некои клучни потези во одбраната кога резултатот беше тесен. По тоа игравме добро и во нападот. На крајот им честитам на играчите за победата, но морам уште еднаш да кажам: му симнувам капа на Стеф Кари, беше одличен вечерва“,
вели Мајк Вудсон.
0 comments:
Post a Comment