Home » , » Проблеми за Попович, Данкан тешко го повреди коленото

Проблеми за Попович, Данкан тешко го повреди коленото

Written By Anonymous on 3.2.13 | 17:53


Стартниот крилен центар на Спарси, Тим Данкан (36) се повреди во текот на натпреварот со Вашингтон Визардс во AT&T Центарот во кој “Мамузите“ победија со 96-86. Тој по еден дуел со Мартел Вебстер здоби повреда на коленото.

Неволја за тренерот на Спарс, Попович. Еден од најдобрите играчи во тимот во последната деценија и пол се повреди лошо на коленото. Се се случи во 4:06 пред крајот на 2/4 од натпреварот, кога, во една борба под кошот, Вебстер во падот го удри со своето колено на коленото на Данкан.

Во токму тој момент се означи и крајот на мечот за играчот на Спарси, кој со помош на докторите, беше изнесен од теренот и однсен во соблекувалната. Според информациите дој до крајот на мечот се опоравил, па на нозе успеал да се врати во AT&T Центарот. Сепак, по снимањето на рендгентската снимка беа познати повеќе детали.

Доколку повредата на Данкан ќе го оддалечи од терените подолго време, неговото место ќе го заземе Тиаго Сплитер. Асот на Спарси оваа сезона просечно дава по 17.5 поени, 9.8 скока и 2.7 блока со одличен процент на шутот од 50.5% од игра и рекордни 82.6% од линијата за слободни фрлања.

0 comments:

Post a Comment