Home » , » Карлос Бузер: “Трпам големи болки, сигурно нема да играм некое време“

Карлос Бузер: “Трпам големи болки, сигурно нема да играм некое време“

Written By Anonymous on 3.2.13 | 17:44

Крилниот центар на Булси, Карлос Бузер веќе пропушти три натпревари, а како што стојат работите сигурно нема да биде на теренот уште некое време. Имено, кошаркарот на Биковите се жали на големите болки во колената.

Бузер го немаше на теренот ни во последниот натпревар на својот тим против Атланта Хокс каде Булси победија со резултат од 93-76. Неговото место во првата петторка го зазеде Таж Гибсон. Како што сам вели Бузер, тој не се чувствува добро и веројатно ќе пропушти уште некој натпревар.

“Сигурно ќе бидам отсутен некое време. Трпам големи болки, не се чувствувам добро и пријатно на теренот“,

вели Карлос Бузер кој претходно одигра 123 натпревари по ред и кој се повреди во понеделнкот на натпреварот со Шарлот. И покрај повредата тој продолжи да игра на тој натпревар, на теренот помина 28 минути и даде 13 поени.

“Тоа е веројатната причина поради која ќе морам да одморам малку подолго време. Направив погрешен потег. Да излезев тогаш од игра, веројатно би се вратил на теренот за следниот натпревар. Меѓутоа не направив така и болката од тогаш расте. Тоа е една од оние повреди за кој не сте свесни веднаш. Потоа се ладите, и почнува да ве боли“,

објасни Бузер.

0 comments:

Post a Comment