Home » , » Џош Смит сака во Селтикс?

Џош Смит сака во Селтикс?

Written By Anonymous on 14.2.13 | 12:00

Џош Смит повторно е поврзуван со тимот на Бостон Селтикс, овој пат од познат и угледен НБА репортер.

Можна дестинација за Смит, како што вели самиот репортер е тимот на Бостон Селтикс. Но, овој репотер не дава до знаење дали ако дојде Смит во Селтикс би било преку трејд или преку потпис како слободен играч.

Веќе е добро познато дека фрустрираниот Џош Смит е добар пријател на Ражон Рондо. Исто така Смит добро би се вклопил во играта на Селтикс, знае добро да забива, би биле одлично дуо со Рондо, знае да блокира, додава, скока. Со сите повреди оваа година, дури и да сакаат Селтикси немаат кој да понудат за Смит. Изгубија 4 играчи, поради повреда.

Кога ќе го погледнеме Кевин Гарнет, знаеме дека пензијата му доаѓа, можеби тој е план Б. Ако Кеј Џи се пензионира, но еве да сметаме дека нема да го стори тоа, следната сезона ќе заработи околу 12.5 милиони долари. Тоа ќе биде премалку за Селтикси да потишат максимален договор со Смит.

Па, Дени Ејнџ мора да трејдува играч кој зема околу 5 милиони долари за да може да потпише со Смит, а исто така треба во тој потенцијален трејд да даде и пикови. Тоа значи, Тери, Бас или Ли. Ако Пирс се пензионира Смит ќе може да потпише и без да се трејдува друг играч.

Иако ни изгледа дека Смит е во лигата одсекогаш, тој има само 27. години. Тој е неверојатна атлета, но не го оправдува договорот со Атланта. Бележи по 17.1 поен, 8.6 скока, 4.0 асистенции и 2.1 блок по натпревар со “PER“ од 17.47.

Најголем проблем кај Смит е непрецизниот шут. Својот талент во рекетот го искажува многу добро, но од линијата за три можеме да речеме дека е навистина катастрофален. Суперѕвездата на Атланта шутира 28.7% од линијата за три во кариерата.  Ова не смее да го прави доколку стане нов играч на Селтикс.

Како што рековме, ако Гарнет и Пирс се пензионираат, Рондо, Бредли, Грин, Салинџер и Смит се изгледа играчите кој ке ја предводат новата ера на Бостон.

0 comments:

Post a Comment