Home » , » Дени Ејнџ: “Чекаме понуди, спремни сме да го трејдуваме и Пирс“

Дени Ејнџ: “Чекаме понуди, спремни сме да го трејдуваме и Пирс“

Written By Anonymous on 1.2.13 | 23:32


ГМ на Бостон Селтикс изјави дека тимот на “зелените“ е спремен да ги трејдува своите играчи, вклучувајќи ја и легендата и капитенот на тимот Пол Пирс и дека чека вистинска понуда.

По повредата на Ражон Рондо кој ке го пропушти остатокот од сезоната, тимот на Бостон остана без својот стартен плејмејкер. Иако од Бостон најпрво порачаа дека нема да бараат замена, ГМ - то на Бостон изгледа го промени мислењето.

“Спремни сме да ја сослушаме секоја понуда, но секако не брзаме. Без обзир дали ќе победуваме во секој меч или ќе се мачиме, нема да донесувам брзи одлуки. Иако се зборуваше дека ќе го трејдуваме Пирс, не размисливме за тоа. Би било убаво Пирс да се пензионира како Селтик. Тој беше одличен за овој клуб и за овој град. Тој е вистински професионалец. Меѓутоа, мојата работа е да правам што подобро за овој тим. Ако има вистински понуди, можеби ќе морам да ги исклучам емоциите и чувствата кон овој играч“,

вели Ејнџ. Бостон моментално се на скор од 22-23 и се наоѓа на третата позиција во Атлантик дивизијата.

0 comments:

Post a Comment