Home » , » Кармело Ентони е кралот на “clutch“ шутевите!

Кармело Ентони е кралот на “clutch“ шутевите!

Written By Anonymous on 2.2.13 | 13:18

Еден од најважните сегменти во кошарката се шутевите за победа, или за продолжение, а специјалисти за таквите шутеви се суперѕвездите на НБА лигата.

Веќе со години се води расправа за тоа, кој е најдобар играч во клучните секунди, Коби Брајант, ЛеБрон Џејмс, Кевин Дурент или Кармело Ентони.

Точниот одговор е Мело! Ѕвездата на Њу Јорк Никси во текот на сезоната 2012/13 погоди 47.2% шута за продолжение или за победа, во последните 24 секунди од натпреварот.

Втор најдобар е ЛеБрон Џејмс со 34%, додека Коби Брајант е дури трет со 29.4%.

Најслаб помеѓу оваа “Голема 4“ е веќе неколку годишниот прв стрелец на НБА лигата Кевин Дурант со 28.8% успешност.



0 comments:

Post a Comment