Home » , » Проклетството на Блејзерс

Проклетството на Блејзерс

Written By Anonymous on 1.2.13 | 23:17


Низ историјата Блејзерси се познати како солиден тим, познат по тим кој што во текот на времето на Клајд Дрекслер владееше со Западот, стигна до финалето, но таму беше Џордан со своите Булси.... Сепак можеби некои од вас, кои се ретки знаат за проклетството кое ги следи Блејзерси скоро од нивното формирање. Започна со лошо бирање на драфтовите, испуштање играчи, па се до повреди, несреќни порази итн.

Тимот е формиран во далечната 1970 година, а поради слабите резултати во првите две сезони, тимот го добива првиот пик на драфтот во 1972. година каде што го бираат центарот ЛаРу Мартин. Мартин во овој драфт беше заедно со Џулиус Ирвинг и Боб МекОдо идни Хал оф Фејмери кој се избрани како 2. односно 12 пик на истиот драфт. Блејзерси пропуштаат двајца солидни играчи и наместо нив го земаат ЛаРу Мартин кој после 4 години во НБА лигата се пензионира. Огромно разочарување за цела управа на “ново печениот“ тим. Секако во прашање се повредите.

Неговото доаѓање во тимот не смени апсолутно ништо, па така во 1974. година Блејзерси пак го имаат првиот пик на драфтот, каде овој пат не грешат и го одибраат Бил Волтон, високото крило на универзитетот “UCLA“ кој уште од руки сезоната игра со повреда и во две сезони комбинира само 65 натпревари. Медиумите и тогаш се прашуваа дали Бил Волтон е грешка. Но не беше..Се врати во сезоната 1976-77 и ги предводеше Блејзерси до првата титула од нивното формирање, 7 години подоцна. Беше избран секако за МВП на финалето. Следната сезона повторно игра фантастично и е избран за МВП на сезоната. Но да не се задржуваме многу на него, знаеме дека тој потоа беше член на шампионската титула на Селтикси од ’80тите.

По заминувањето на Волтон, тимот повторно се претвора во нестабилен тим со слаби резултати на Западот. Како повод за сето тоа, Блејзерси на драфтот го имаат вториот каде ја прават можеби и најголемата грешка на сите времиња на драфтот. Една година подоцна тие го одбраа Клајд Дрекслер како 14. пик на драфтот, а во тимот го имаа и добриот шутер Џим Паксон. Им фалеше само центар, добар стабилен центар, и сложувалката ќе беше готова. Медиумите тогаш, за најдобар центар на драфтот, го проценија Сем Бови, високит центар од универзитетот Лебанон. Хаким Олајџуван замина во Хјустон, а за тоа кој ќе биде втор пик немаше дилеми. Блејзерси го одбраа Сем Бови и ја направија најголемата драфт грешка на сите времиња. Сигурно знаеме дека во 1984. година преку драфтот во НБА лигата дојде Мајкл Џордан, подоцна најдобриот кошаркар на сите времиња. Драфтуван како 3. пик од страна на Чикаго Булс.

Првите неколку сезони беше здрав, но не го покажа она најдобро што го знае бележеше некаде околу 10 поени по натпревар. Но, веќе во следните повредите го уништија и не можеше да крене глава од нив. Беше трејудан во Њу Џерси каде таму играше нешто посолидно бележејќи 12 поени по натпревар, за на крај во 1995 да се пензионира во дресот на Лејкерс. Сепак во тоа време, Џордан ги победи Лејкерси во своето прво финале во 1991, во своето второ славеше над Блејзерси, а во третото во 1993 ги победи Сансите на Баркли. Дури при еден натпревар во финалето против Блејзерс даде 6 тројки по ред и по 6тата ги крена рацете горе и како да велеше: “Ова ви е затоа што не ме проценивте најдобро и не ме трејдувавте. Јас не сум крив.“ Тоа беше големиот Ем Џеј.

Следните неколку години по тоа играа под раководство на Дреклсер кој потоа замина во Хјустон. Но тимот стоеше добро. 10тина години беа стабилни, со борба за позиција за плејофот. Во 2006 година имаат повторно солиден играч кој можат да го одберат. Имаат солидно место, 6. пик, добри играчи на драфтот. Го бираат Брендон Рој. Станува руки на годината, неколку кратен Ол Стар играч, играч кој се жртвува за тимот, кој правеше се на теренот за победа. Но по две сезони колената го направија своето. Тој беше приморан да оди на операција на колената. По неколку месеци пауза се врати, но не беше веќе оној истиот. Во 2010 ја заврши кариерата бидејќи имаше голем ризик никогаш да не прооди повеќе. Сега е член на Минесота. На истиот тој драфт Портланд го зеде и Олдриџ, сегашниот лидер на тимот.

Веќе следната година тимот имаше повторно прв пик, можност покрај Рој и Олдриџ да изгради солиден тим кој ке се бори за плејоф, а можеби и титула. Го бираат центарот Грег Оден, а притоа ги испуштаат Кевин Дурант, Ал Хорфорд, Марк Гасол... Оден за само две сезони поминати во тимот успева да искомбинира 83 натпревари во двете сезони и поради повреда, нешто слично како Рој ја завршува кариерата.

Минатата година Блејзерси го одбраа Демиан Лилард, експлозивен плејмејкер, добар асистент, главен кандидат за наградата руки на годината...Ние можеме да се надеваме само на едно, да не заврши како Рој и Оден, а како ЛаРу Мартин и Сем Бови сигурно нема да биде.

0 comments:

Post a Comment